Крштевка и прв роденден на ќерката Ариа: Александра Пријовиќ елегантна во креација од Оскар де ла Рента
Денес е посебен ден за Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ.
Нивната ќеркичка Ариа наполни една година, а токму на овој важен датум 30-годишната српска пејачка и 41-годишниот бизнисмен организираа и крштевка за неа.
Семејниот повод беше одбележан со свечена церемонија во Храмот „Свети Сава“ во Белград во присуство на најблиските роднини и пријатели. Кум на малата Ариа беше пејачот Ацо Пејовиќ, кој на крштевањето присуствуваше со сопругата Билјана.
За свечениот ден, Александра избра елегантна бела креација од Оскар де ла Рента, а малата славеничка изгледаше како вистинска принцеза во бело фустанче. Филип носеше елегантно одело, а во слична модна комбинација беше и нивниот син Александар.
По церемонијата, Александра со Арија во рацете излезе пред храмот расположена и насмеана. Мајчинската среќа не ја криеше ниту на социјалните мрежи, каде напиша:
„Љубов наша, среќно крштевање и прв роденден. 🩷 Те сакаме, Аки, тато и јас, најмногу на светот! 🩷“.
Ариа е второ дете на Александра и Филип, кои го имаат и синот Александар. Малата наследничка пристигна во семејството Живојиновиќ на 3 септември 2025 година.