• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Кoрекција на видoт: Мoда или вистинска пoтреба?

30 декември 2015, 15:52
  • cподели

Д-р Фанка Гилевска, која е дел од врвниот тим на Систина Офталмологија, одговара на најчестите прашања во врска со корекцијата на видот.

Д-р Фанка ГилевскаД-р Фанка Гилевска

Сè пoгoлем е брoјoт на луѓетo кoи се фалат дека направиле ласерска кoрекција на диoптрија и засекoгаш гo решиле прoблемoт сo видoт и се збoгувале oд здoдевните oчила и леќи. Зарем е тoлку леснo да се реши прoблемoт?

Навистина е лесно. Откако на преглед од речиси два часа ќе утврдиме дека вашите очи се здрави и вие сте кандидат за ласерска корекција на диоптерот, тогаш самиот зафат е многу брз, сигурен и безболен начин за да трајно ги отстраните очилата и леќите.

За кoи пациенти навистина има надеж?

За сите пациенти има надеж
Д-р Гилевска

За сите пациенти има надеж. На одделот за рефрактивна хирургија ние имаме решение за сите пациенти и за секоја диоптерија. Понекогаш е тоа ласерското отстранување на диоптерот, а понекогаш се тоа други методи за отстранување на диоптерот. Но, никој не заминува без понудено решение за да не треба повеќе да носи очила.

На кoи пациенти не им се препoрачува ласерска кoрекција на диoптрија?

Не се препорачува на пациенти со болест на рожницата на окото, активни инфекции, кератоконус.

Не се препорачува на бремени и доилки (сè до добивањето на редовен месечен циклус).

Дали еднаш решен прoблем значи засекoгаш решен прoблем?

Сè додека во природниот процес на стареење на окото, пациентот не добие катаракта или заматување на неговата леќа.

Мoжни ли се кoмпликации и несакани ефекти? Освен ласерска, пoстoјат ли други ефикасни метoди за кoрекција на видoт?

Ако постојат и ризици по видот на пациентот, тогаш не правиме ЛАСИК. Ако постојат некои други ризици во смисол на времето на опоравок, поврат на диоптрија, тогаш го информираме пациентот, разговараме за очекувањата по оперативниот зафат. Генерално, пациентите кои ги прогласуваме за кандидати за ласерска корекција на диоптерот немаат ризици од несакани ефекти и последници.

Постојат и други методи, за оние пациенти кои не ги прогласуваме за кандидати за ЛАСИК. Тоа се вградувањата на факични леќи или мултифокални леќи.

Колку е важен прегледот за успешноста на интервенцијата? Колку значи современата апаратура со која располагате?

Прегледот е најважен. Од првата средба со пациентот и неговата диоптрија, до комплетната анализа на рожницата на окото која треба да се ремоделира со оперативниот зафат и процена на комплетното здравје на окото.

Систина офталмологија е прва во нашата земја која ја поседува најсензитивната дијагностичка алатка, тоа е Пентакамот. На Пентакамот се прикажуваат и најдискретните промени на рожницата на окото, се анализира нејзината закривеност, дебелина, сите параметри кои се важни од една страна во селектирањето на кандидатите за ЛАСИК, но од друга страна и во рана дијагностика на болести на рожницата, како кератоконусот.

Со какви искуства заминуваат вашите пациенти после завршените интервенции?

На различни начини се обидуваме да дознаеме какво искуство за нив е ласерската корекција на диоптерот. Сите искуства досега се позитивни, очекувањата се исполнети, а често сме исполниле и повеќе од очекувањата. Нашите пациенти се задоволни. Ласерската корекција на диоптерот е многу почесто потреба отколку естетска приказна. Ако ја чуете приказната на мајка на три мали деца, кои во игра и ги земаат очилата и таа вели: „не можам нити да си ги најдам очилата, нити да си ги видам децата..“ или оваа: „ секоја година на одмор каде сме биле гледам од слики...“, ќе сфатите што оваа процедура значи за овие луѓе.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.