• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Конкурс за доделување стипендии, обуки и практика во Грац, Австрија, за 2020/2021 на Шпаркасе Банка Македонија

25 октомври 2019, 16:27
  • cподели

Шпаркасе Банка Македонија и годинава продолжува со проектот „Најдобрите од Југоистокот“, програма наменета за студентите од Северна Македонија. Со програмата, Шпаркасе Банка им нуди можност на студентите да стекнат меѓународно искуство на еден од најстарите австриски универзитети, а притоа да го комбинираат со работна практика во една од најголемите банкарски институции во областа Штаерска, на која може да стекнат нови знаења и искуства потребни за нивниот понатамошен професионален напредок.

„Поттикот и инвестирањето во младите амбициозни луѓе во Северна Македонија е најдоброто нешто што може една компанија да го направи за подобрување на општата бизнис-клима во својата земја. Искуството и препораката што студентите и дипломците ќе ги добијат за време на студиите и обуките е од големо значење за успешен почеток на нивната кариера, а понатаму ќе придонесе за развој на финансискиот сектор во земјава. Овој проект на Шпаркасе Банка Македонија е вистинско задоволство токму повеќе што секоја година има сè поголем број млади луѓе што се пријавуваат за учество во програмата. „Нека победат најдобрите!“ – изјави г-а Олгица Спасевска, директор на Службата за човечки ресурси во Шпаркасе Банка Македонија.

Најдобрите од Југоистокот

На добитниците на стипендијата ќе им биде обезбедено сместување, месечен џепарлак, покриен трошок за школарина на Универзитетот во Грац, интензивен курс по германски јазик, како и учество на разни социјални и културни случувања во текот на целата година. Покрај тоа, ќе се стекнат со обука и практика во европската реномирана банкарска групација, Шпаркасе Групацијата.

Рокот за пријавување е најдоцна до 5 декември 2019 година. Сите информации за програмата се достапни на веб-страницата на Шпаркасе Банка Македонија, како и на факултетите што се дел од проектот.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Ерсте и Шпаркасе Групацијата, која се состои од 49 штедни банки со речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Република Австрија. Воедно, таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти. Заедно со банките ќерки во Австрија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и во Црна Гора, таа е дел од сеопфатните банкарски мрежи во регионот - Штаермеркише Шпаркасе, која со својата билансна сума од 15 милијарди евра, 2.751 вработен и 233 експозитури и регионални центри опслужува околу 702.414 клиенти во земјите од регионот на Југоисточна Европа.

Комерцијален текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.