• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Кои филмови и серии да ги гледате овој месец?

27 март 2023, 18:21
  • cподели

Со илјадници часови квалитетна забава, корисниците на SkyShowtime стриминг сервисот ќе имаат можност да гледаат интересни, но и нови филмови и серии. Продолжува забавата за целото семејство, со голем избор од најочекуваните серии и филмови во светот.

За следниот месец, може да се издвојат неколку интересни премиерни содржини од плејадата филмови и серии што ги нуди SkyShowtime.

Мјузикл серијата „Grease: Rise of the Pink Ladies“ стартува со првата сезона следниот месец и обожавателите на култниот „Брилијантин” ќе имаат можност повторно да запловат во разиграното секојдневие на средното училиште Рајдел Хај. Настаните во оваа серија се случуваат четири години пред оригиналниот филм и во неа ќе ја дознаете приказната за формирањето на фамозните „Pink Ladies“.

SkyShowtime

Нови продолженија на култната крими-серија „Law & Order” доаѓаат во сезона 22, со нови ѕвезди, но и со истите омилени актери. Легендарната драма наградена со „Еми“ го следи класичниот дводелен пристап и ги прикажува и полицијата која го истражува кривичното дело и окружните адвокати кои ги гонат престапниците.

SkyShowtime

А ако сте љубители на малку повеќе акција во вашите серии, тогаш за вас ја препорачуваме „Mayor Of Kingstown“, со Џереми Ренер и Дајан Вист во главните улоги. Гледајте го Џереми Ренер во едно поинакво издание, во улогата на Мајк Мекласки, како се бори против корупцијата и криминалот во Кингстаун, Мичиген.

Од новите серии, пристигнуваат и нови епизоди на „Rabbit Hole” - шпионска трилер-серија за Џон Веир (Кифер Сатерленд), мајстор за измама во светот на корпоративната шпионажа, кој е наместен за убиство од моќни сили способни да влијаат и да го контролираат населението.

SkyShowtime

Хит филмот „Nope” станува достапен на платформата од 19 април. Се работи за страшен хорор, напишан и режиран од добитникот на „Оскар“, Џордан Пил. „Nope“ е мешавина од неверојатна научна фантастика и комплексен општествен трилер кој ги соголува корените на насилството, ризикот и опортунизмот кои се неразделен дел од романтизираната историја на американскиот Запад… и од самиот шоу-бизнис.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.