• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Ќе се казнува злоупотреба или закана за објавување на интимни содржини, при семејно насилство нема да се чека пријава за да се гони сторителот

29 јануари 2026, 15:06
  • cподели

Собранието вчера го изгласа Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, со кој се воведуваат значајни новини во заштитата на жртвите на семејно насилство, жените и децата, како и построги казни за организиран криминал и прекршување на сообраќајните правила.

Кривично дело „одмаздничка порнографија“

За првпат, злоупотребата на туѓи интимни фотографии, видеоснимки, аудиозаписи или други материјали со сексуално експлицитна содржина без согласност на лицето ќе се третира како кривично дело. Таканареченото „revenge porn“ опфаќа и закани за објавување интимна содржина, како и креирање или изменување лажни интимни материјали, вклучително и дигитално манипулирани содржини.

Предвидените казни се затвор од една до пет години, а доколку содржината стане достапна на поголем број лица, казната може да достигне и до осум години. Во случаи кога жртвата е дете, се пропишуваат значително построги санкции – затвор од три до десет години. Сите уреди и материјали со кои е сторено кривичното дело задолжително ќе се одземаат.

Искористување деца за питачење и трговија со деца

Со измените, се воведуваат строги казни за родители, старатели или други лица кои од користољубие ќе го пренесат или ќе овозможат надзор над дете на трето лице со цел питачење.

Доколку детето претрпи тешка телесна повреда, сериозно нарушување на здравјето или биде вовлечено во питачење, проституција или други облици на асоцијално однесување, сторителот ќе се казни со затвор од најмалку десет години.

Построги мерки против семејно насилство

Измените предвидуваат при повреда или нарушување на здравјето при семејно насилство Обвинителството да постапува по службена должност, без потреба жртвата сама да поднесе кривична пријава. Со ова се зајакнува институционалната заштита и се намалува притисокот врз жртвите.

Проширени овластувања и построги казни

Дополнително, државата добива пошироки овластувања за одземање имот за кој ќе се утврди дека е стекнат со криминал. Се зголемуваат казните за учество во организиран криминал, а се воведуваат и построги санкции за тешки сообраќајни прекршоци.

Tags
казни
Кривичен законик

Најнови

  • Ќе се казнува злоупотреба или закана за објавување на интимни содржини, при семејно насилство нема да се чека пријава за да се гони сторителот

    Thu, 01/29/2026 - 15:06
  • Фросина

    „Фросина, убавина, гулаб бел и светлина...“: Емотивна балада посветена на младата Фросина Кулакова која прерано го загуби животот

    Thu, 01/29/2026 - 13:05
  • Марк Антони го очекува ОСМОТО дете со 30 години помладата сопруга

    Thu, 01/29/2026 - 12:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.