• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Ќе ми недостигаш, сине“: Брајан Кранстон се збогуваше со прерано починатиот актер кој му беше син во „Breaking Bad“

13 октомври 2026, 21:40
  • cподели

Брајан Кранстон, главниот актер од „Breaking Bad“, со емоции се збогуваше со Ар Џеј Мите, кој глумеше негов син во култната серија.

Легендарниот „Волтер Вајт“ на Instagram со длабока тага откри дека со 34-годишниот актер имале одлична комуникација и по завршувањето на серијата и дека пред само неколку недели се договарале да се видат на ручек.

Мите почина на 34-годишна возраст, а според информациите од медиумите, сам си го одзеде животот.

Со длабока тага го пишувам ова вечерва. Ар Џеј Мите, мојот мил син од серијата „Breaking Bad“, почина.

Го запознав кога имаше само 14 години, кога беше избран за улогата на Волтер Вајт Џуниор, лик кој го толкуваше со многу радост и ентузијазам.

Роден со церебрална парализа, тој никогаш, ама никогаш не дозволи тој предизвик да му биде изговор за што било. На напорниот распоред на снимање му пристапуваше со огромна решителност.

Секогаш ги слушаше советите кои што му ги дававме како негови телевизиски родители (јас и Ана Ган), но, како тинејџер, понекогаш палаво ги игнорираше нашите совети за да научи на потешкиот начин... Беше една од ѕвездите на хит-серија, но сепак беше само дете.

Тоа дете беше прилично неискусно кога во февруари 2007 година почнавме да ја снимаме пилот-епизодата, но малку по малку гледавме како прераснува во навистина добар актер. Искуството од серијата го искористи за гласно да се залага за актерите со попреченост, а беше и на чело на хуманитарна организација чиј фокус беше помошта за заедницата на лицата со попреченост.

Сета таа надеж и потенцијал кои ги носеше со себе сега претставуваат огромна загуба.

Особено е поразително да се слушне дека си го одзел сопствениот живот.

Зошто?

Си разменувавме пораки пред само неколку недели, договарајќи се кога би можеле да се видиме на ручек. Не знам дали тој ручек ќе ја променеше неговата иднина...

Но, знам дека го сакав и дека со огромно задоволство го поминував времето со него сите тие години додека ја снимавме серијата, но и подоцна, кога стивна медиумското внимание околу „Breaking Bad“...

Ќе ми недостигаш, сине.

Не можам да завршам тука, а да не ги повикам сите оние кои што размислуваат за самоубиство да побараат поддршка.

Исто како и неговиот лик во серијата, Мите живееше со церебрална парализа. Неговото лично искуство му овозможи да внесе посебна автентичност во улогата, а популарноста ја искористи за да ја подигне свеста за предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост.

Покрај актерската кариера, тој беше посветен и на хуманитарната работа, како амбасадор на организациите „United Cerebral Palsy“ и „Shriners Children’s“.

Tags
Брајан Кранстон
Ар Џеј Мите

Најнови

  • „Ќе ми недостигаш, сине“: Брајан Кранстон се збогуваше со прерано починатиот актер кој му беше син во „Breaking Bad“

    Tue, 10/13/2026 - 21:40
  • Божиновски часовници и накит

    Божиновски и Longines ја донесоа елеганцијата дома

    Tue, 10/13/2026 - 17:06
  • Хуманоста на дело: Браќата од Next Time се вратија во градинката во која пораснаа, донираа играчки и украсија училници

    Tue, 10/13/2026 - 14:44
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.