Каролина, Весна Петрушевска, Сара Мејс... Македонските славни личности со реакции по трагедијата во Тафталиџе
Не постои Македонец што не беше трогнат од трагедијата која пред два дена се случи во Тафталиџе.
31-годишна мајка со нејзината 6-годишна ќерка починаа при пад од балкон откако со години трпеле семејно насилство, без да добијат никаква помош.
Познатите личности ги искористија своите платформи за да го кренат својот глас против семејното насилство за вакво нешто никогаш да не се повтори.
Весна Петрушевска
Весна сподели емотивна порака и застана против насилството, објавувајќи фотографии од жртвите и насилникот.
Долго време ми требаше да се соземам. Цело време зборувам за насилство, како сведок, како жртва и знаете што е најстрашно? Мислите дека нема вам да ви се случи, тоа ме поразува.🪽Ние сме системот драги мои, ние го креираме светот околу нас. Одамна имате отсуство на емпатија, го игнорирате менталното здравје, обвинувате социјални служби...па центарот за социјална работа одамна не функционира, со децении... знаете зошто? Ние сме тивки... јас одамна не се плашам од никој и ништо. Нема страв од насилник оти секој еден маж што кренал рака на жена е таков бедник и кукавица... ги има и околу вас се, на работа, сосед, по дома... ама сеирот е најголем (од лично искуство) ✅ова е голем удар за сите нас...
Сара Мејс
Каролина Гочева
„До кога ќе читаме вакви вести? Одговорност за сите кои замижале пред криците за помош на овие кутри мајка и дете! Длабоко сочувство до семејството...“ – напиша Гочева.
Антониа Гиговска
Ана Јовковска
Елена од „Живот со стил“
„Зад секоја бројка стои жртва! Насилството не смее да се толерира!“ – додаде таа на пораката на Ана Јовковска.
Наташа, сопругата на Таско
Викторија Лоба
Јана Бурческа