• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Проблеми во врската

Како да познаете дека лажe?

4 септември 2009, 15:17
  • cподели

Ние жените понекогаш претеруваме со својата љубомора, но некогаш имаме право да бидеме параноични. Логично е да си го поставувате прашањето: Кога да се сомневаме во верноста на партнерот? За да ви помогнеме да си одговорите на тоа прашање, подолу се дадени неколку знаци по кои можете да познаете дали тој лажe или сè е продукт на вашата фантазија.

Маж што лаже
Ако не ве гледа право во очи и неговата приказна постојано се менува, најверојатно ве лаже.
  1. Не ве гледа право во очи. Ако не ве гледа во очите додека разговарате, тогаш сигурно нешто крие. Секогаш забележувајте ги знаците што ги испраќа неговото тело. Но, не бидете параноични и да го обвинувате за секој негов поглед настрана. Мажите не ги привлекуваат љубоморни параноични жени.
  2. Неговата приказна постојано се менува. Прво кажува дека бил на билјард со другарите, а потоа дека бил со колегите на пиво. Ако неговата приказна се менува, обидете се дознаете што навистина се случило. Можете да ја започнете истрагата од неговите другари. Но, сето тоа треба да го правите умерено без никој да дознае дека вашата намера е да шпионирате.
  3. Тој и претходно лажел. Ако веќе го имате фатено во лага, не треба да сте експерт за да заклучите дека може да го направи повторно. Многу често мажите лажат за мали работи, со цел жените да се импресионираат. Затоа, ако лажел за мала работа, не бидете опседнати со тоа и не го обвинувајте постојано дека лаже. Но, ако неговите лаги се честа појава, најдобро е да разговарате за причините кои што поттикнуваат да лаже. Ако не го решите тој проблем во вашата врска нема да има доверба, а секоја врска во која нема доверба е осудена на пропаст.
  4. Имате чувство дека лаже. Ако имате чувство дека тој лаже, проблемот е поголем од колку што е самото лажење. Тоа значи дека не му верувате на мажот со кој сте заедно. Една врска не може да се гради без взаемна доверба. Поразговарајте на таа тема и решете го проблемот пред тој да ви ја уништи врската.
Tags
љубовни проблеми
тој лаже

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.