• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Кајли Џенер е бремена, очекува ќеркичка со Травис Скот со кого е во врска пет месеци

23 септември 2017, 10:00
  • cподели

Кајли Џенер е бремена. 20-годишната ѕвезда од реалното шоу „Keeping Up with the Kardashians“ го очекува првото дете со 25-годишниот рапер Травис Скот, со кого е во врска само пет месеци.

Според анонимен извор близок на парот, Кајли е во четвртиот месец од бременоста и тие веќе го знаат и полот на бебето. Наводно Џенер носи девојче.

Кајли Џенер бремена

„Тие започнаа да им ја соопштуваат среќната вест на пријателите пред неколку недели. Семејствата знаат веќе извесно време. Таа е НАВИСТИНА возбудена, а исто така е и Травис“ – изјавил анонимен извор за реномираното списание „People“.

Кајли Џенер бремена Кајли Џенер бремена

Кајли ја започна својата романса со Травис во април, кратко време откако раскина со Тајга.

Изминатиот период, Кајли беше фотографирана само во пошироки креации и лежерни маички, а на социјалните мрежи објавуваше стари фотографии за обожавателите да не ѝ го забележат стомачето, пред таа и Травис да бидат подготвени да ја споделат веста со јавноста.

Наводно, Кајли треба да се породи во февруари следната година.

Кајли Џенер бремена Кајли Џенер бремена Кајли Џенер бремена Кајли Џенер бремена Кајли Џенер бремена Кајли Џенер бремена Кајли Џенер бремена

Кајли не се појави и на гостувањето на целото нејзино семејство пред неколку дена во шоуто „Today“.

Кајли Џенер бремена Кајли Џенер бремена

Во 2015 година, познатиот рапер беше неколку пати виден заедно со Ријана, па како и обично, гласини за нивна врска се слушаа насекаде.

Кајли Џенер бремена Кајли Џенер бремена Кајли Џенер бремена

По објавувањето на веста за бременоста, на интернет започнаа да се шират шпекулации дека е возможно Кајли да е сурогат-мајката која го носи третото бебе на Ким и Кание.

Tags
Кајли Џенер

Најнови

  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • dm

    Внатрешен мир и празнична нежност: твојот домашен спа ритуал со Balea Limited Edition производите

    Fri, 01/09/2026 - 13:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.