• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Музика

Јонче Христовски Симфонија: Вистински спектакл од Камерниот оркестар на Битола

5 април 2023, 09:29
  • cподели

Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect со својата Јонче Христовски Симфонија синоќа направи вистински спектакл, кој долго ќе се памети. „Македонско девојче“, „Ако умрам ил загинам“, „Ај засвирете ми чалгии“... беа само дел од стиховите кои битолската публика ги уживаше минатата вечер на првиот од двата концерти посветени на македонскиот музички доајен Јонче Христовски.

Публиката на овој концерт беше една од најбројните до сега. Салата на Центарот за култура во Битола беше исполнета со обожаватели на ликот и делото на Јонче Христовски, кои имаа чест да поминат два часа слушајќи ги најубавите бисери на Јонче. Емоции, непрекинат громогласен аплауз, распеани лица и прекрасна македонска музика го исполнија Центарот за култура во Битола.

Концерт на Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect за Јонче Христовски Концерт на Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect за Јонче Христовски Концерт на Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect за Јонче Христовски Концерт на Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect за Јонче Христовски

Извонредниот концерт успеа да го долови специфичниот стил на изведба на песните кој Јонче го имаше, како и емоциите кои истите тие ги предизвикуваат секогаш кога ќе се слушнат. Музичките ноти кои концертот ги испрати создадоја една топла, и пријатна атмосфера која го воодушеви секој присутен.

Овој концерт пренесе силна порака дека музиката има моќ да ги обедини сите, да ја поддржи и промовира нашата историја и култура, и да ги восхити срцата на сите присутни. Синоќешниот концерт потврди дека и по толку долго време Јонче Христовски е и ќе продолжи да биде еден од основачите на македонската музика.

На концертот настапија Виолета Томовска, Ристо Самарџиев, Ленче Кукиќ, Горан Кукиќ, Елена Андоновска, Душко Георгиевски, Петар Младеновски (Суперхикс) и Агни Авшар.

Концерт на Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect за Јонче Христовски Концерт на Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect за Јонче Христовски Концерт на Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect за Јонче Христовски Концерт на Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect за Јонче Христовски Концерт на Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect за Јонче Христовски Концерт на Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect за Јонче Христовски Концерт на Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect за Јонче Христовски Концерт на Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect за Јонче Христовски Концерт на Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect за Јонче Христовски Концерт на Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect за Јонче Христовски Концерт на Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect за Јонче Христовски

Вториот концерт Јонче Христовски Симфонија ќе се одржи денес во Скопје, во Национална опера и балет од 20ч. Веруваме дека и овој концерт ќе биде феноменален и ќе придонесе многу за зачувување и промовирање не само на ликот и делото на Јонче Христовски, туку и на македонското музичко наследство и култура. Не пропуштајте го вториот концерт!

Концерт на Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect за Јонче Христовски

Фото: Диоген Хаџи-Коста Милевски

За повеќе фотографии од концертите и информации за идни настани посетете ја страната на Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect www.chamberorchestrabitola.com или нивните профили на Facebook и Instagram.

Tags
Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect
Камерниот оркестар на Битола

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.