Јелена Карлеуша блесна во златна креација од македонско ателје на роденденот на ќерките, го бакна бившиот Душко
Во белградскиот хотел „Хилтон“ синоќа се одржа голема роденденска прослава за ќерките на Јелена Карлеуша и нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ.
Постарата ќерка Атина го прослави полнолетството, односно 18-тиот роденден, додека Ника наполни 17 години. За оваа посебна вечер, гордите родители приредија луксузна гала забава за која издвоиле околу 50.000 евра.
Целото семејство пристигна заедно на прославата и позираше за фоторепортерите пред почетокот на забавата. Јелена привлече особено внимание со впечатлива долга креација во златна нијанса, украсена со светкави детали, од ателјето Жана кое се наоѓа во Скопје.
И Атина блесна во златно фустанче, додека Ника избра долга креација во нежна розова нијанса. Двете славенички беа во центарот на вниманието на оваа посебна вечер.
Просторот беше уреден во нежни розови тонови, со раскошни цветни аранжмани во розова, бела, крем и нежно жолта боја. На влезот гостите ги пречека големо овално огледало со златна рамка, на кое беа испишани имињата на славеничките и нивните години.
Во текот на вечерта Јелена го отпеа својот хит „Casino“, а атмосферата дополнително се вжешти со нејзиниот настап.
Јелена го бакна Душко откако тој одржа емотивен говор во кој ѝ кажа колку се гордее со неа што се грижеше за нивните ќерки во Србија додека тој градеше кариера во неколку земји.
На прославата присуствуваа и бројни познати лица од регионалната естрада, а меѓу оние кои им го честитаа роденденот на девојките беше и Боки 13, кој објави фотографии од свеченоста.