„Изгледам подобро со здрава коса која е бела“: Салма Хајек во гламурозно издание со природна седа коса на свеченост
Салма Хајек постојано се залага за природен изглед и докажува дека жените можат да изгледаат гламурозно и со седа коса.
59-годишната актерка присуствуваше на церемонијата Breakthrough Prize во Лос Анџелес и одушеви со гламурозниот изглед. На чекор до седмата деценија од животот, Салма заведуваше во полупроѕирен фустан со длабоко деколте, украсен со светкави детали и цветни апликации, дело на модната куќа Гучи.
Хајек беше придружувана од сопругот Франсоа Анри-Пино, со кого е во брак од 2009 година.
Холивудската ѕвезда воопшто не се обиде да ги сокрие белите влакна. Напротив, таа веќе подолго време отворено зборува за прифаќањето на природното стареење и избегнувањето на трајни бои за коса.
Во интервју за Allure таа истакна дека ѝ е поважно косата да биде здрава отколку да ја прикрива нејзината природна боја.
„Изгледам подобро со здрава коса која е бела“ – изјави таа, додавајќи дека наместо боење користи привремени трикови како маскара за коса за прикривање на белите влакна.