• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Историски чекор за репродуктивната медицина: Основано Македонското здружение на ембриолози

21 мај 2026, 14:51
  • cподели
Основање на Македонското здружение на ембриолози

Скопје, мај 2026 – На 20 мај 2026 година, со свечен и емотивен настан кој обедини врвни професионалци од целата земја, официјално беше основано Македонското здружение на ембриолози. Ова здружение претставува историски чекор напред за домашната репродуктивна медицина, поставувајќи темел за уште поголем развој, континуирана едукација и стандардизација во областа на хуманата асистирана репродукција.

На настанот присуствуваа ембриолози, доктори и претставници од сите ИВФ центри, болници и клинички болници во државата. За прв пат на едно место се собраа сите клучни чинители кои секојдневно работат на создавањето нови животи, споделувајќи ја заедничката визија за иднината. Во иницијативниот одбор за основање на ова значајно тело се проф. д-р Валентина Сотироска (Њуборн Клиник), Мимоза Аџи Крстева (Њуборн Клиник) и Горан Стефановски (ПЗУ Плодност).

Посебен белег на настанот остави презентацијата на првиот претседател на Здружението, проф. д-р Валентина Сотироска од Њуборн Клиник. Таа ги поведе присутните на емотивно патување низ времето, потсетувајќи ги на самите почетоци на хуманата асистирана репродукција во Република Македонија – од отворањето на првиот ИВФ центар, па сè до денешните современи високи достигнувања. Со гордост и длабока почит беше оддадено признание на сите пионери во оваа област кои го вградија своето знаење, труд и визија во развојот на македонската ембриологија.

Проф. д-р Валентина Сотироска од Њуборн Клиник
Проф. д-р Валентина Сотироска од Њуборн Клиник

Основањето на Македонското здружение на ембриолози беше оценето како исклучително задоволство и огромна професионална сатисфакција за целата заедница. Здружението во иднина ќе делува како примарен столб за размена на искуства, следење на светските трендови и заштита на професионалните стандарди, сето тоа во насока на обезбедување уште повисок процент на успех и исполнување на сонот за родителство на илјадници семејства.

Основање на Македонското здружение на ембриолози
Основање на Македонското здружение на ембриолози
Основање на Македонското здружение на ембриолози
Tags
Њуборн Клиника
Болница Плодност

Најнови

  • Лила Филиповска елегантна во црвено на свадба, невестата Русинка заигра на „Македонско девојче“

    Fri, 05/22/2026 - 14:45
  • „Ќе бидат ангели чувари на ова гратче“: Пробиштип не ги заборави Матеј и Никола кои загинаа во „Пулс“, а годинава ќе беа матуранти

    Fri, 05/22/2026 - 13:37
  • Хорот од ООУ „Кузман Јосифовски - Питу“

    „Скокавме од радост и извикувавме 'Македонија, Македонија'“: Маестро Верче и хорот од „Кузман Јосифовски - Питу“ триумфираа во Италија

    Fri, 05/22/2026 - 12:14
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.