• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Имаме романтична и среќна врска“: Џиџи Хадид зборуваше за врската со Бредли Купер и ко-родителството со Зејн Малик

13 март 2025, 11:11
  • cподели

Џиџи Хадид сними фотосесија за „Вог“, а во интервјуто зборуваше за врската со Бредли Купер и ко-родителството со бившиот партнер Зејн Малик.

29-годишната манекенка, која има 4-годишна ќерка со поранешниот член на One Direction, сподели дека и двајцата даваат сè од себе за да бидат најдобри родители на нивната ќерка. Џиџи рече дека одлично комуницираат и соработуваат со Зејн, како и дека двајцата со месеци однапред го планираат распоредот, за да имаат квалитетно време со ќеркичката Каи.

Џиџи Хадид Џиџи Хадид

„Има еден тежок дел кога светот знае толку за тебе, но си мисли дека знае сè. На крајот од денот, ние не сме заинтересирани да ја откриеме пред сите целата наша приказна. Она за што сме заинтересирани е да ја израснеме заедно нашата ќерка, со голема меѓусебна почит, не само како затоа што сме ко-родители, туку поради сè што имаме поминато заедно“ – рекла таа.

„Со Зејн ги правиме нашите старателски распореди месеци однапред. Тоа не значи дека тој не се менува одвреме-навреме, но ние си помагаме еден со друг и меѓусебно си ги чуваме грбовите“ – додала Хадид.

Џиџи Хадид Џиџи Хадид

За својата сегашна љубовна врска со актерот Бредли Купер, синооката манекенка рекла:

„Мислам дека клучно е да се стигне до точка во која знаеш што сакаш и што заслужуваш во врската. А потоа, да најдеш некој кој е на тоа место во својот живот во кое знае што сака и што заслужува... и двајцата да работите одделно за да се соедините и да бидете најдобрите партнери што можете да бидете. Се чувствувам како среќничка. Да, среќничка е вистинскиот збор“.

Џиџи Хадид

„Го почитувам премногу како креативец. Чувствувам дека ми дава многу: охрабрување и едноставно верба. Ако луѓето на кои им се одушевувате ве охрабрат, тоа може да создаде голема верба во себеси“ – рекла Џиџи за Бредли.

Хадид раскажа дека го запознала холивудскиот заводник на роденденската забава на детето на заеднички пријател и дека сега нивната врска е „многу романтична и среќна“. Тие умислено го чуваат заедничкиот живот во приватност, бидејќи како што вели таа „тоа не е дел од нашата врска кој сакаме да го споделуваме“.

Бредли и Џиџи потврдија дека се во врска на почетокот од 2024 година откако долго време се шпекулираше дека тие се заедно. Купер има една ќерка од врската со бившата Ирина Шајк.

Џиџи Хадид Џиџи Хадид Џиџи Хадид Џиџи Хадид
View this post on Instagram

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Најнови

  • Данче Серафимова со семејството

    „По загубата на синот, се јави идејата за домашниот Природен Детергент“: Данче од Струмица за мајчинството и создавањето помалку токсичен дом

    Mon, 01/12/2026 - 20:15
  • Закон за заштита од пушење

    Стоп за пушење во кола со дете, на автобуски станици... Еве каде сè ќе биде забрането пушење со новиот закон со строги казни

    Mon, 01/12/2026 - 15:20
  • Ретко заедничко појавување на црвениот тепих: Мила Кунис и Ештон Кучер на Златен глобус по бројните критики

    Mon, 01/12/2026 - 13:39
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.