• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Илустрации доловуваат ситуации од секојдневието на новите мајки

14 март 2016, 12:30
  • cподели

Мајка создава хумористични илустрации од своето секојдневие за да покаже дека сите нови родители имаат слични искуства.

Алисон Вонг е мајка на едно синче, чија прва година од мајчинството била исполнета со солзи, смеа, менување пелени, фрустрации, хаос и многу прашања. Инспирирајќи се од своето секојдневие, таа постојано го збогатува своето портфолио со хумористични цртежи кои ќе ја насмеат секоја мајка.

„Се надевам дека родителите ќе запомнат да гледаат на светлата страна во тие најтешки моменти, знаејќи дека многу други биле во истата ситуација. Барајте мала доза хумор во секоја од бескрајните ноќи и знајте дека сè ќе помине многу брзо, а вам ќе ви недостига пред да се свестите дека поминало“ – вели Алисон.

Погледнете ги нејзините забавни дела:

Алисон ВонгТато се врати. Тата, тата! / Неверојатно, неговиот прв збор е тата! / Вечерта: Мама, мама!!! Таткото: Тебе те вика. Мајката: Не, не слушам ништо. Алисон ВонгТе носев 9 месеци. Поминав низ часови породилни болки. Имав царски рез... А ти личиш на татко ти. Навистина? Алисон ВонгЛеле, се насмеа. Еден час подоцна: Ајде, уште еднаш... Алисон ВонгНе сум слушнала никаков звук со часови. Ќе одам да го проверам. Дали дишеш? Да, дефинитивно дише. Алисон ВонгВака се чувствуваш кога ќе го заспиеш твоето малечко без многу труд. Алисон ВонгВо книгата пишува дека досега требаше да лазиш. Твојата пријателка Грејси лази веќе неколку недели! Ајде го можеш ти тоа! / Еден месец подоцна: Не, не го прави тоа. Престани да лазиш! Алисон ВонгА јас мислев дека сортирањето на МОИТЕ чорапи е тешко! Алисон ВонгТанцот покрај количката наречен: „Држи го сонцето подалеку од очите на бебето“. Алисон ВонгБебето е нервозно? Најверојатно му расте заб. Не спие? Најверојатно му расте заб. Не јаде? Најверојатно му расте заб. / Па, досега би требало да има еден куп заби во устата? Не, само еден. Алисон ВонгТолку е тажно кога треба да ги спакуваш сите тие алишта за новороденче. Ќе ми недостига мојот омилен аутфит. Пријателката: Тој шорц е пресладок. Мајката: Таа не мора да знае дека шорцот е всушност панталони. Алисон ВонгОф леле, ги заборавив овие шпикозни од тетка Сенди! Тие се од оној фенси бутик – мораме да се собереме во нив! Алисон ВонгКој и да рекол „Не плачи поради истурено млеко“... очигледно не доел. Алисон ВонгНа два месеци: Следниот преглед е на 4 месеци. Како ќе преживеам дотогаш?? На девет месеци: Упс, потполно заборавив да го закажам прегледот на 9 месеци! Алисон ВонгМоментите кога и плачењето и тишината те избезумуваат додека го возиш бебето. Алисон ВонгТе молам заспиј! Конечно! Барем постои светла страна... мојот фитнес тракер мисли дека направив 10.000 чекори. Алисон Вонг Алисон ВонгТи зготвив неверојатен рецепт со прокељ и лук специјално за тебе! Подоцна: Навистина? Повеќе би го јадел тоа одошто јадењето што ти го зготвив? Алисон ВонгЖената: Многу сум возбудена за нашиот состанок вечерва! Ох заборавив нешто. Морам да се вратам да си ја променам облеката! Мажот: Зошто? Изгледаш прекрасно! Жената: Не, мојот градник! Најдобриот дел од нашето излегување е што не морам да носам градник за доење! Алисон ВонгСреќен први роденден! Деновите беа долги, но годината беше кратка! Посакувам овој момент да трае засекогаш!
Tags
илустрации

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.