• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Тело

Хирзутизам – зголемена влакнетост

11 декември 2012, 12:39
  • cподели

Зголеменото присуство на влакна е многу чест проблем, особено во поднебјево во кое живееме. На лице или тело, сеедно, многу припаднички на женскиот пол ќе речат дека мајките и бабите имале таков проблем. Сепак, пред да ја окривиме генетиката докрај, треба да сугерираме да се проверат хормоните.

Зголеменото производство на машки хормон андроген и синдромот на полицистични јајници се состојби кои најчесто предизвикуваат зголемена влакнетост.

Како да се ослободиме од несаканите влакна?

Без разлика дали станува збор за здравствен проблем или не, сепак естетскиот момент е силно присутен и во основа доминира желбата да се отстранат несаканите влакна. Еве го уште на почеток мојот совет: нема трајно решение без здружени сили на дерматолог, гинеколог и ендокринолог, ако е во прашање хормонално нарушување. Доколку нема такво нешто, препуштете му се на дерматологот да ве ослободи од несаканите влакна со трајна ласерска епилација.

Зголемена влакнетост

Сега веќе имате безброј прашања од типот:
„Дали е безбедно? Да не ме озрачи? Дали е навистина траен ефектот? За кои регии е безбеден?“

Ако барате најбезбеден ласер за трајна ласерска епилација, тоа е диодниот ласер Soprano XL на Алма. Третманот е безбеден, ефикасно ги отстранува влакната од сите регии на телото и е апсолутно безболен. Работи со емитирање на сноп светлина насочена кон кожата, притоа без да ја оштети кожата. Светлината е насочена кон пигментот на влакнестиот фоликул. Влакнестиот фоликул ја апсорбира ласерската енергија, го уништува коренот и оневозможува растење на нови влакна. Ефикасен е за сите типови на кожа.

Светски новитет претставува SHR технологијата вградена во Soprano XL, која овозможува брза работа при што енергијата се емитира при движење на сондата, така што поголемите површини како грб или нозе се работат многу побрзо, поефикасно и побезбедно од кој било друг ласер. Клинички студии укажуваат дека се потребни 4 или 6 третмани во интервал од 1 до 3 месеци за да се постигнат саканите резултати. Можат да се отстранат 10-20% од влакната од еден третман доколку клиентот е со уреден хормонален статус. Сите оние кои имаат хормонални проблеми треба да добијат соодветна терапија која се спроведува заедно со третманите.

Кожата е со еднаков состав преку целото тело и нема разлика дали под неа има жлезда или орган, затоа што енергијата не допира до нив. Ласерот го сузбива коренот на темните влакна, а кај светлите влакна нема ефект.

Ниеден ласер не е штетен и нема да ве озрачи, тој не емитува рендген зраци. Постарите ласерски системи како IPL светлосни техники на поголеми енергии знаат да направат изгореници на кожата како сончеви опекотини.

Кај мажите најбарани регии за отстранување на несаканите влакна се јагодиците на лицето, вратот, рамената, грбот и стомакот, додека пак кај жените – надусниците, брадата, подлактиците, пазувите, стомакот, препоните и нозете.

Трајното отстранување на влакна со ласер повеќе не е скап и недостапен третман. Денес се препорачува да се направи трајна ласерска епилација од естетски, од практични, а и од здравствени причини, посебно кај мажите и спортистите. Затоа ви препорачувам да уживате во кристално мазна кожа без влакна со Soprano XL.

д-р Анета Петрушевска Кокалевска
спец. дерматолог

Tags
Д-р Анчевски

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.