• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Хероината Дариа ја победи леукемијата“: Берберот Ермин од Скопје се отвори за дијагнозата и победничкото ѕвонење на ќерката

2 декември 2025, 14:06
  • cподели

Ермин Чулевиќ се отвори за големите предизвици пред кои беше исправено неговото семејство и за борбата на малата ќеркичка со леукемијата.

Берберот од Скопје заедно со Таско гостуваше во поткастот на Стефан Лазаров и отворено зборуваше за целиот процес од моментот на добивање на дијагнозата до победничкото ѕвонење на болничкото ѕвонче.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @prettyeyesof_daria

Ерко ја нарече неговата сопруга Азра „херој“ затоа што го ставила својот живот на пауза, за да ѝ биде поддршка на ќеркичката Дариа во текот на целото лекување во болницата и надвор од неа.
6-годишната Дариа, која сега е прво одделение, се борела со леукемијата од 2021 до 2022 година, кога успеала да ја победи болеста.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Ermin_Erko (@ermin_erko)

Ерко сподели видео од тој момент, а во подкастот рече:

„Ова е моментот кога ти се менува животот, во позитивно. Ова е тоа... Нема цена. Дај Боже никој никогаш да не го доживее, но тие што го доживеале, го знаат моментот како е. Не само за мое дете, туку и други деца кога сум гледал дека ѕвонат, имало посебна емпатија и посебна љубов“.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Ermin_Erko (@ermin_erko)

Ерко зборуваше и за првите симптоми на Дариа пред дијагнозата:

Во ноември месец 2021 година почна Дариа да станува анемична. Направивме крвна слика, ни дадоа терапија за анемија, но гледаш детето на 2-3 дена температура, губи енергија, нема волја, само спие, лежи и си викаш да направиме нешто подетално, да провериме што е како е...

Едно испитување, второ трето... најлошиот период е кога те држат во неизвесност.

Ми рекоа дека по сите испитувања, Дариа има акутна леукемија... Многу е морничав тој момент. Како ти го дава тоа, вади една книга обратно свртена и ти вика тука имаш сè ти е објаснето. Ја земам книгата, на книгата едно детенце црно-бело и пишува „Моето дете има рак“. Многу лош момент. Ти го читаш тоа и одма се соживуваш со тој момент.

Ја гледаш книгата и велиш: „Зошто мене?“. Викам: „Што правиме сега луѓе?“ и таа ми вика: „Не се плаши, лечливо е ама е процес. Мора да помине низ сето тоа“... Ми вика: „Не ѝ кажавме на сопругата. Сакаш ти да ѝ кажеш или ние да ѝ кажеме?“

Ерко раскажа за лошите моменти кои секојдневно ги доживуваат родителите, особено мајките, кои се во болница со своите деца. Тој рече дека Азра е вистински херој во приказната.

Родителите што седат таму и што го гледаат тоа се вистински херои, поготово мајките...

Азра е херојот во приказната. Од сè се откажува за да остане до Дариа за да ѝ биде поддршка. Замисли го животот на Азра во тој период кога е со дете кое заради терапија менува расположение. Еден ден јаде премногу, еден ден нејќе да јаде, еден ден само плаче, друг ден само се смее, трет ден нејќе да стане од кревет. Замисли ти како родител да си затворен сам во една соба со тоа дете сето тоа да го гледаш да го преживуваш секој ден, 3 месеци и да броиш денови.

Јас сум надвор, сум се видел со тебе, со него, сум направил муабет... Кога не ми се случувало ништо, сум барал да ми се случува... Кога останувам сам, ме фаќа параноја, крцкам прсти и посегнуваш на алкохол... Бараш нешто да ти се случува само за да не мислиш на тоа, да избегаш од реалноста, ама џабе, нема бегање...

Целиот поткаст можете да го гледате тука:

Tags
Ермин Чулевиќ

Најнови

  • Снеже Велков

    „Замисли да можеш да насмееш некого, а ти да одбереш да го навредиш“: Снеже Велков за стремежот да биде најдобрата верзија од себе

    Tue, 12/02/2025 - 14:44
  • „Хероината Дариа ја победи леукемијата“: Берберот Ермин од Скопје се отвори за дијагнозата и победничкото ѕвонење на ќерката

    Tue, 12/02/2025 - 14:06
  • Европскиот шампион Петар Мијалков стана татко по вторпат

    Tue, 12/02/2025 - 13:08
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.