• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Хероина: Најмалото бебе родено во „Систина“ со само 610 грама го прослави првиот роденден

14 август 2026, 09:31
  • cподели
Рита

Рита е најмалото бебе родено во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Борбеното девојче било родено во 24. гестациска недела со родилна тежина од само 610 грама, но со неверојатна желба за живот.

Рита поминала 3 месеци на Одделот за неонатална интензивна нега во болницата, каде надминала бројни здравствени предизвици карактеристични за екстремно предвремено родените бебиња. Бебенцето се соочило со незрелост на белите дробови и било на респираторна и кислородна поддршка, а во текот на лекувањето, имало и мозочно крвавење од втор степен, тешкотии со исхраната, проблеми со регулирањето на шеќерот во крвта и тешка форма на ретинопатија.

Сепак, по 96 дена интензивна грижа и борба на медицинскиот тим за нејзиниот живот, слатката хероина си заминала дома во добра здравствена состојба.

По точно една година, заедно со своите среќни родители, таа се врати уште еднаш да им се заблагодари на луѓето кои во најтешките моменти биле постојано покрај неа и нејзиното семејство.

Тимот на „Аџибадем Систина“ сподели фотографии со веселото девојче кое сега тежи околу 6 килограми и има уреден раст и развој, а според нивните зборови, не заостанува значително во однос на своите врсници родени во предвидениот термин.

Рита
Рита
Рита
Рита
Рита

Фото: Официјална Facebook страница на „Аџибадем Систина“

Tags
Систина
предвреме родено бебе

Најнови

  • Гордана Сиљановска-Давкова

    Трпела насилство 35 години, го убила сопругот со секира: Гордана Сиљановска-Давкова помилува жена која над 17 години помина во затвор

    Fri, 08/14/2026 - 11:35
  • Verity

    Мрачен, сензуален и вознемирувачки: Трејлерот за „Verity“ со Ен Хетавеј и Дакота Џонсон

    Fri, 08/14/2026 - 11:30
  • „Ужасен ден во Сивири“: Дарко Димитров сподели видеа од страшниот пожар на Халкидики, ги пофали пожарникарите

    Fri, 08/14/2026 - 10:28
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.