• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Хејли Бибер го разголи пораснатото трудничко стомаче во фотосесија и откри зошто криела дека е бремена

24 јули 2024, 10:03
  • cподели

Бремената Хејли Бибер сними фотосесија за списанието „W“.

Сопругата на Џастин Бибер го разголи пораснатото трудничко стомаче во долна облека и во модели од врвни модни куќи како Шанел, Гучи, Родарте, Сен Лоран и Прада.

Хејли Бибер Хејли Бибер Хејли Бибер

Во интервјуто, 27-годишниот модел откри зошто ја криеше бременоста до шестиот месец.

„Веројатно можев да кријам сè до крајот. Но, не уживав во стресот што не можев да уживам во бременоста надвор. Чувствував како да кријам голема тајна и чувството не беше добро. Ја сакав слободата да излегувам и да си го живеам животот.“

„Немав стомак, навистина, додека не бев шест месеци бремена и токму тогаш и објавив“ – рече таа, признавајќи дека „интернетот е многу страшно место за трудниците“.

Хејли и Џастин објавија дека го очекуваат првото дете во мај годинава, а нивен претставник потврди дека Хејли била повеќе од шест месеци бремена во тој момент.

Хејли Бибер Хејли Бибер Хејли Бибер

Згодната трудница призна дека не е многу блиска со своето семејство додека се обидува да создаде свое.

„Не сум многу блиска со моето семејство во оваа точка од животот, бидејќи се чувствувам многу самостојно. Јас сум своја личност сега и создадов мое сопствено семејство. Но, кога ќе се навратам на моето детство и како пораснав, имам многу прекрасни спомени“ – рекла таа и додала дека со Џастин максимално се обидуваат да го искористат времето кое им останува како пар без деца.

„Почетокот на бременоста беше многу емотивен за мене. Премногу го сакам ова човечко суштество. Како би можела да доведам некој друг во ова? Се обидувам да уживам во деновите кои ги имам со Џастин, само ние двајцата“ – рекла Хејли.

Хејли Бибер Хејли Бибер Хејли Бибер Хејли Бибер

За негативните коментари на луѓето, Хејли вели:

„Луѓето правеа да се чувствувам многу лошо за мојата врска уште од првиот ден. Велеа: ‘Тие се разделуваат. Тие се мразат еден со друг. Тие се разведуваат.’ Тоа е како луѓето да не сакаат да веруваат дека ние сме среќни. Порано се обидував да се однесувам како да боли сè помалку и помалку. Се обидував да мислам дека во одреден момент се навикнуваш, дека ова е тоа што ќе го велат и дека такви ќе бидат луѓето. Но, сфатив дека всушност никогаш не боли помалку“.

Хејли Бибер Хејли Бибер Хејли Бибер Хејли Бибер Хејли Бибер Хејли Бибер Хејли Бибер Хејли Бибер Хејли Бибер

Најнови

  • Нела Манческа

    Македонката Нела на високото 7. место на Јуниорската Евровизија, победи Франција

    Sat, 12/13/2025 - 19:32
  • Петар Денковски

    Спектакуларно отворање во Гевгелија: ЏАМБО и ВЕРО станаа новата омилена дестинација во „Gevgelija Mall“

    Sat, 12/13/2025 - 18:51
  • Нела Манческа на Јуниорската Евровизија

    Браво! Моќниот настап на македонската претставничка Нела на Јуниорската Евровизија

    Sat, 12/13/2025 - 17:52
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.