• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

„Гушкајте ги за време на распустот, без оглед какви оценки имаат во сведителството“: Професорката Татјана Алексиќ со силна порака до родителите

24 јуни 2026, 14:45
  • cподели
Татјана Алексиќ

Непосредно по крајот на учебната година, кога фокусот е на оценките и свидетелствата, професорката Татјана Алексиќ од гимназијата „Раде Јовчевски - Корчагин“ во Скопје сподели емотивна порака која допре до многу родители и наставници.

Алексиќ потсети дека децата најмногу ги паметат љубовта, поддршката и прегратките и дека токму тоа ги обликува како личности.

Во продолжение е нејзината објава, која вклучува и албум со семејни фотографии:

Гушкајте ги децата почесто!

Гушкајте ги за време на распустот, без оглед какви оценки имаат во свидетелството. Гушкајте ги во секој ваш слободен миг, гушкајте ги спонтано, „од заседа“, кога спијат, гушкајте ги и кога ве нервираат. Тогаш прегрнете ги најсилно, толку силно што ќе им закрцкаат коските, а вам ќе ви помине нервозата.

Гушкањето е бесплатно и ги лекува наталожените фрустрации.

Децата што растат без прегратки нема да знаат да го прегрнат животот и да  „пораснат“ во топла душа. Душата им  гладува  за топлина. Ќе палат куќи,  шуми и градови за да се стоплат,  ќе пукаат со огнено оружје и отровни зборови, обидувајќи се да ја стоплат смрзнатата душа, скаменета уште во детството.

❤️Гушкајте ги дур се мали, оти бргу ќе пораснат. Гушкањето е бесплатен депозит чуван во најсигурниот трезор - душата

Татјана Алексиќ
Татјана Алексиќ
Татјана Алексиќ
Tags
Татјана Алексиќ

Најнови

  • Татјана Алексиќ

    „Гушкајте ги за време на распустот, без оглед какви оценки имаат во сведителството“: Професорката Татјана Алексиќ со силна порака до родителите

    Wed, 06/24/2026 - 14:45
  • Теодора Мартинко

    „Човек занемува пред ваков борец“: Теодора, единствената преживеана во падот на настрешницата во Нови Сад, остана без нозе, а положи возачки испит

    Wed, 06/24/2026 - 13:03
  • „Годината кога таа стана Мис, јас продавав книги на плоштад“: Слаткар за бракот со Сања Николиќ и семејните вредности

    Wed, 06/24/2026 - 13:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.