• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Господ ме насочи кон тоа, народот е со секаква мака“: Зорица нуди бесплатно сместување во Охрид за деца со посебни потреби

4 мај 2026, 12:15
  • cподели

Деновиве еден хуман гест одекна низ социјалните мрежи, стоплувајќи илјадници срца и враќајќи ни ја вербата во човечноста. Имено, Зорица Спасовска восхити многумина со одлуката да ги отвори ширум вратите од своите апартмани во прекрасната Трпејца, подарувајќи целосно бесплатно сместување за дечиња со посебни потреби и нивните родители.

Без никаков надомест, во првиот топол период од 5 мај до 5 јули, семејствата кои не се во можност да одат на одмор, сега ќе можат да се релаксираат во апартманите лоцирани на самиот брег на Охридското Езеро.

Зорица Спасовска

Како што вели за Фемина, Спасовска идејата ја имала подолго време, но сега почувствувала дека е вистинскиот момент за да ја реализира.

„Господ ме насочи кон тоа. Народот е со секаква мака, одзивот е многу голем“ – открива таа.

Хуманата госпоѓа споделува дека досега се договорени сместувања за 12 семејства, а дека ваквата иницијатива нема да биде еднократна, туку планира да стане традиција и да се реализира и во наредните години.

Нејзиниот потег наиде на силен одек во јавноста. На социјалните мрежи се редат безброј позитивни коментари и реакции, во кои граѓаните го поздравуваат нејзиното добро дело и посакуваат ваквите примери да станат почести.

И покрај вниманието, Спасовска останува скромна и благодарна за поддршката, со јасна порака дека ова е само почеток на нејзината благородна мисија да помогне таму каде што е најпотребно.

„Сакам да ви се заблагодарам од срце на сите позитивни реакции и поддршка по објавата за бесплатно сместување и на сите што ја споделивте информацијата. Доколку некое семејство не може да биде згрижено ова лето, ова ќе важи и за наредните години“ – порача таа.

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk

Tags
Зорица Спасовска
хуман гест

Најнови

  • Зорица Спасовска

    „Господ ме насочи кон тоа, народот е со секаква мака“: Зорица нуди бесплатно сместување во Охрид за деца со посебни потреби

    Mon, 05/04/2026 - 12:15
  • Браво! Два златни медали за математичкиот гениј Македон Димитровски во Германија

    Mon, 05/04/2026 - 10:39
  • Прв трејлер: Џенифер Лопез ризикува сè за љубовта во новата романтична комедија „Office Romance“

    Mon, 05/04/2026 - 09:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.