• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Големата забава, изненадувањата и попустите на Саемот за Деца и Родители направија гужва во Skopje City Mall

21 ноември 2015, 15:00
  • cподели

Со голем број на разиграни и распеани деца, но и расположени родители, вчера беше отворен шестиот Саем за Деца и Родители во Skopje City Mall. Секогаш фантастичниот настап на Маша и Медо со својата Весела Училница, настапот на феноменалниот Марко Бошњак од Пинкови Ѕвезди по кој децата, но и повозрасните не ги штедеа рацете да ракоплескаат, како и разиграната група на деца од Брејк а лег, кои го освоија 4-то место на светското првенство во Италија, на најдобар можен начин покажаа што можеме да очекуваме овој викенд доколку го посетиме саемот.

Саем за Деца и Родители во Skopje City Mall Саем за Деца и Родители во Skopje City Mall

Насмеаните лица на семејствата и игрите во кои учествуваа децата со своите родители едноставно ја разубавија и разиграа петочната вечер во Скопје. Сите посетители, освен огромната забава, наградните игри и изненадувањата, од вчера, па сè до завршувањето на саемот имаат можност да ги уживаат големите попусти за време на 6-от Саем за Деца и Родители и до 50 отсто во продавниците за детска облека, производи и играчки. Расположени родители и среќни деца во полните продавници каде се создадоа големи редови на касите по завршувањето на музичката програма, беше сликата која што синоќа можеше да се види во Skopje City Mall.

За време на викендот, програмата на Саемот за Деца и Родители започнува во 12 часот напладне со art & craft работилниците, каде децата ќе бидат во улога на мали конструктори и ќе имаат шанса да креираат и преку забава да научат за вселената, градежништвото, сообраќајното моделарство, роботиката и природата. На музичката и денс сцена пак денеска имаме настапи на музичките и школите за танц кои ќе ги разиграат посетителите, додека Едукативната детска патека од Маврово која е „преселена“ во Skopje City Mall ќе понуди многу изненадувања и наградни игри. Секако тука се и семејните натпревари за деца и родители како штафета, игра за најпрецизните, погоди го „твоето дете“ и многу други, кои гарантираат дека Skopje City Mall ќe биде омилената дестинација за сите родители и деца овој викенд.

Саем за Деца и Родители во Skopje City Mall Саем за Деца и Родители во Skopje City Mall Саем за Деца и Родители во Skopje City Mall

За време на Саемот за Деца и Родители присутна и Мече Болница, меѓународен проект од едукативен карактер, создаден од медицински студенти, а целна група се децата, особено оние од предучилишна возраст. Секое дете има можност, својата куклa-мече, да ја однесе во импровизирани медицински оддели (амбуланта, хирургија, лабораторија и аптека), каде се извршуваат лекарски прегледи и медицински зафати. Обемната програма денеска трае до 20.30 часот, а продавниците во молот си работат по нормалното време, до 22.00 часот, каде родителите и децата можат да уживаат во големите попусти и изненадувања.

Саем за Деца и Родители во Skopje City Mall Саем за Деца и Родители во Skopje City Mall Саем за Деца и Родители во Skopje City Mall Саем за Деца и Родители во Skopje City Mall Саем за Деца и Родители во Skopje City Mall

Комерцијален текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.