• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Голема забава со попусти и изненадувања за отворањето на новото Веро и Џамбо во Тетово

23 август 2019, 10:29
  • cподели

Со многу забавни активности за најмладите и со специјални попусти и подароци за потрошувачите, компанијата „Веропулос“ в понеделник (26 август) ќе го одбележи отворањето на реновираниот маркет во Тетово кој сега добива и свој „Џамбо“ маркет.

Станува збор за маркетот лоциран на улицата Борис Кидрич бб, кој беше третиот Веро маркет отворен во земјава по двата отворени во Скопје при крајот на деведесеттите години и кој сега доби нов, модерен лик согласно светските трендови во малопродажбата.

Веро

Големата забава по повод отворањето на реновираниот Веро маркети нова продавница Џамбо ќе почне во 16 часот и ќе биде наменета за целото семејство. За најмладите ќе се организираат забавни игри со слатки награди, дружење со омилените ликови од цртаните филмови и многу интересни подароци за сите. За возрасните, Веро маркетот ќе понуди специјални попусти, акции и изненадувања. Притоа, за секоја сметка над 1.000 денари направена во периодот од 26 дo 28 август, потрошувачите во овој маркет ќе добијат ваучер од 100 денари кој може да го искористат за пазарување во новиот „Џамбо“ маркет.

Освен во добрата музика и забавата, посетителите на отворањето ќе уживаат и во бројни дегустации на различни производи што ќе се одвиваат пред Веро маркетот.

Веро

„Проширувањето на мрежата Веро маркети и продавници „Џамбо“ е настан кој традиционално го одбележуваме заедно со нашите потрошувачи, со забавни содржини во кои главниот фокус секогаш е врз најмладите. Концептот на „Веро“ и на „Џамбо“ е да понудат сѐ на едно место за целото семејство, а тоа подразбира на едно место да овозможат најдобри цени, најквалитетни производи, врвна услуга и поразлично шопинг искуство во кое подеднакво ќе уживаат сите генерации. Концептот на отворање „Веро“ и „Џамбо“ маркети под ист покрив покажува извонредни резултати, така што го применивме и кај модернизираниот маркет во Тетово и планираме да го применуваме секаде каде што тоа ќе го дозволат просторните услови“ – вели Љубица Короскоска, маркетинг-директор на компанијата „Веропулос“ во Македонија.

Оваа компанија досега во Македонија има отворено 13 Веро маркети во Скопје, Тетово и Битола, како и продавници „Џамбо“ во трите градови.

Комерцијален текст

Tags
Веро

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.