• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Ги видов покриени... Зборувала, пријавувала, викала, никој не ја слушнал“: Мајка со гласен апел по трагедијата во Карпош

3 март 2026, 12:19
  • cподели

Гнев и разочараност се чита од многу пораки кои денес ги преплавија социјалните мрежи.

По ужасната вест дека мајка и ќерка починаа по пад од балкон од зграда во Тафталиџе, македонската јавност е огласи со жестоки реакции кон институциите и побара поголема заштита на жртвите на семејно насилство.

Ирена Илиевска напиша статус кој вирално се прошири.

Ирена Илиевска

Мајката поминувала на местото на настанот по трагедијата заедно со своето дете, а ужасната од она што го видела, на Facebook објави моќна порака до сите, како до институциите, така и до сите граѓани.

Ја пренесуваме во целост:

Поминав од таму, со дете за рака, кратко по трагедијата. Видов полиција, затворена улица, но никој не ме застана да ме предупреди за било што. 

Ги видов покриени. Брзав да го тргнам детето од таму! Полицијата за ништо не ме предупреди ❗️❗️
Разбрав од минувачите. 

Мајка и дете! Зборувала, пријавувала, викала, никој не ја слушнал, никој не помогнал ❗️❗️❗️

Пријава во полиција најчесто поминува со опомена! Таков е законот. Сменете го законот ❗️

Пријава во социјално поминува со „разговор“. Таков е законот. Сменете го законот ❗️

Во тоа социјално речениците, најчесто се следни: „Не ти го биравме ние сопругот, сама си си го избрала“ – проследено со цинична насмевка!!! Понатаму: „Имаш семејно насилство, ама нема доволно докази“, „Решете си го проблемот меѓу вас, со разговор“... а, на поставени 5 прашања, немаат одговор најчесто на 4 од нив, на петтото ќе добиете еден од овие одговори погоре, со кревање на рамениците. Таков е законот.

Сменете го законот❗️❗️Зашто вработените ви работат според дупките во законот!!! 

Ми се гади, чиниш се обраќаш на глувонеми лица! Небаре, некој доаѓа таму од убавини или од што сака да ги види, како превртуваат очи. 

Не заборавајте дека живееме во мало место, зборува народот, вработените имале цена, а носат одлуки за цели семејства! Сменете нешто❗️

Во тоа Министерство и во тоа Социјално не треба да одат вработените за да им помине работно време, туку решаваат нечии судбини! Сменете нешто❗️

За жал не можам да речам пред да биде доцна, зашто одамна веќе е доцна!! 

Важно им е само да бидат правно чисти! Верувам дека и сега сте правно чисти, сите до еден, а ќе можете ли да спиете вечерва❓️⁉️ Јас не!! Зашто се срамам од тоа во какво општество живеам, се срамам од тоа во какви монструми се претворивме. Срам е мал збор. Гневна сум и бесна од тоа што ни се случува и каде живееме! Од пострашни зборови ќе се воздржам, но само за сега. Во време на најголемите Христијански и Муслимански пости, помолете се, секој на својот Бог, за агонијата што ја живееме. 

И кога и да видите или слушнете како некој моли за помош, немојте ни случајно да си речете „Има институции, тие ќе си го решат проблемот, си ја знаат работата“. Немојте❗️Зашто нема да го решат, зашто не си ја знаат работата! Помогнете, бидете гласни, направете „драма“ ако треба❗️Можеби така ќе натераме некој да почне да работи ❗️

Ќе завршам (само за вечерва, од почит), со зборовите на Горан - Солзи немам да исплачам колку сме за жалење ❗️❗️❗️

Според најновите информации, мајката и детето пред смртта биле сами во станот, заклучени од внатрешната страна. Едно лице е задржано во полициска станица.

Tags
трагедија во Тафталиџе

Најнови

  • Панче Тошковски

    Тошковски: Има снимка дека сопругот ја удрил Ивана и на денот на трагедијата, многуте пријави за насилство биле повлекувани од жртвата

    Tue, 03/03/2026 - 14:56
  • „Насилството не е приватна работа. Тоа е рана на целото општество. Мора да се каже ДОСТА!": Дац против семејното насилство

    Tue, 03/03/2026 - 13:55
  • „Ги видов покриени... Зборувала, пријавувала, викала, никој не ја слушнал“: Мајка со гласен апел по трагедијата во Карпош

    Tue, 03/03/2026 - 12:19
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.