• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Фросина нема да биде дел од светот кој го сонувала“: Весна Петрушевска за младата Фросина која беше прегазена во Скопје

31 јануари 2025, 08:51
  • cподели

Македонија тагува и се збогува со Фросина Кулакова, која беше прегазена од 20-годишен пијан возач без возачка дозвола, добро познат на органите на прогонот.

Веста за смртта на младата и надежна дизајнерка кај Силбо ја потресе државата, а многумина преку социјалните мрежи ги искажаа својот револт, својата тага и својата желба за подобар систем. Желни за промени, луѓето преку социјалните мрежи повикаа на протест кој треба да се одржи денес.

Фросина Кулакова Фросина Кулакова

Весна Петрушевска беше само една од познатите личности кои со емотивен пост на социјалните мрежи се збогуваше со Фросина.

Весна Петрушевска

Тоа што ѝ се случи на Фросина не е инцидент, ова е повторување на дело без никакви последици за оној кој убива.

Тој „оној“ е слика на врсничкото насилство, дилер со амфетамини кој бил пуштен од системот, напуштен одамна од грижата на родителите, бесрамник и збеснат.

Замислете на пешачки премин уредно врви Фросина која имала голем сон, да биде уметник, моден дизајнер, да остави трага во својот живот. Наспроти ова чудовиште кое летало по Партизанска и јас сум сигурна дека не му било сефте. Фросина е наша грешка, ние кои треба да се бориме жестоко и да бараме одговорност.

Јас изодев трнлив и мачен пат, уште го одам, но кога зборувам гласно за насилството, мислам на ваквите како Васил. Насилникот се создава, пред него се правеле наудрени, замижувале... Тој ќе отслужи казна и пак ќе биде полусвет и бандит. Фросина нема да биде дел од светот кој го сонувала. Таа нема да се насмее повеќе, ниту да се бори против неправдите. Фросина е нашиот завет! Слава ти и почивај во мир.

Професорката Татјана Алексиќ

Две семејства. Во едното расте момче кое што на 20 години зад себе веќе има криминално досие, а во другото расте девојче кое што на 22 години е полно со младешки елан, визија за иднина, трудољубие, успеси и љубов кон животот. Две семејства се закопани со еден удар. Едното од тага по изгубеното чедо, другото затоа што создале убиец. Парите имаат моќ да поткупат, но не и да ја вратат продадената душа на ѓаволот. И секое наше дете може да биде Фросина, сѐ додека имаме закон продаден за пари. Ни се случува Кецмановиќ на улица.

Тамара Тодевска

Тамара Тодевска

Сања Ристиќ

Сања Ристиќ

Јелена Јованова

Сања Ристиќ

Теано Кардула

Илустрација на Теано од 2022 година сега повторно стана хит. „Не е несреќа, туку убиство!“ стои на неа.

Теано Кардула

Исидора Јакимовска

Исидора во 2019 година на сличен начин ја изгуби својата другарка од Крива Паланка, Фросина Цековска. Таа не остана рамнодушна на смртта на уште една Фросина.

„Прости ни, и летај Фросина, а летајќи кон небото обиди се да ни простиш, луѓе сме... не знаеме што правиме“ – стои во објавата.

DNK

View this post on Instagram

A post shared by Република Македонија (@dracevcanec.mk)

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.