• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Фронтменот на Foo Fighters на Instagram призна дека ја изневерил сопругата и дека има вонбрачно дете

11 септември 2024, 07:10
  • cподели

Дејв Грол јавно призна дека ја изневерил својата сопруга Џордин Блум и дека добил вонбрачно дете со друга жена.

Дејв Грол

55-годишниот фронтмен на групата Foo Fighters ги шокираше фановите со Instagram постот објавен вчера. Грол напиша дека планира да се грижи за својата вонбрачна ќерка и да ѝ даде љубов.

„Неодамна станав татко на ќеркичка, родена надвор од мојот брак. Планирам да бидам родител кој ќе ѝ даде љубов и поддршка. Ја сакам мојата сопруга и моите деца и правам сè што можам за да ја вратам нивната доверба и да ја заслужам нивната прошка. Благодарни сме за вашето внимание кон сите вклучени деца додека продолжуваме напред заедно“ – напиша тој.

Дејв Грол Дејв Грол

Грол и Блум се запознаа во 2001 година, а стапија во брак две години подоцна. Тие имаат три ќерки, 18-годишната Вајолет, 15-годишната Харпер и 10-годишната Офелија.

Дејв Грол Дејв Грол Дејв Грол Дејв Грол

Тие беа фотографирани насмеани пред само два месеци за време на финалињата на Вимблдон во Лондон.

Дејв Грол Дејв Грол Дејв Грол Дејв Грол

Најнови

  • Сладок гест: Директорка на училиште од Македонска Каменица им подарува рози на полуматурантките

    Thu, 06/11/2026 - 14:35
  • Живко Мукаетов во „Низ град со Кики“

    Тегет коса, домашни журки и лекции по воспитување: Непознатата страна на Живко Мукаетов

    Thu, 06/11/2026 - 13:12
  • „Ќе те кренат, па те газат, од секој збор скандал прават“: Тамара Тодевска ја објави моќната балада „Кукла жива“

    Thu, 06/11/2026 - 12:04
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.