• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Фотографија од тажен дедо кој направил вечера за шесте внуци, но се појавила само една внука крши срца

18 март 2016, 10:25
  • cподели

Колку често поминувате време со вашите баби и дедовци?

Тажна објава на девојка потсети многумина дека на постарите лица им е потребно вниманието од помладите. Студентката Келси Хармон постави фотографија од својот тажен дедо и откри дека тој имал зготвено вечера за сите 6 внуци, кои ги поканил во својот дом, но се појавила само таа.

На фотографијата објавена на Twitter, дедото со наведната глава гледа во својата чинија и јаде еден од 12-те сендвичи кои ги направил таа вечер за внуците.

Дедо

„Вечера со дедо вечерва... Тој направи 12 сендвичи за сите 6 внуци и јас сум единствената која се појави. Го сакам“ – напиша Келси.

Објавата на грижливата девојка веднаш стана интернет хит, а дедото на Келси стана дедо на целиот интернет. Неверојатната поддршка и љубов кои беа упатени кон „Дедо“ ги изненадија и Келси и дедо ѝ. Постот на Келси досега има речиси 125 илјади ретвитови и над 200 илјади допаѓања.

„Заплакав кога го видов ова. Сè што тој сакаше е да помине време со нив“, „Ова ми го крши срцето. Би направила сè за да вечерам уште еднаш со моите баба и дедо“, „Кажи му на дедо дека со задоволство би јадел сендвич со него“, „Би ми било чест да одам на местото на еден од нив“, „Еј, знам дека не ве познавам ни дедо ти ни тебе, но можеш ли да му кажеш дека ние (интернетот) го сакаме?“ – беа дел од коментарите на корисниците на популарната социјална мрежа Twitter.

Дедо

Подоцна Келси им се заблагодари на сите за поддршката од нејзино и од името на дедо си: „Многу се смеев со постовите со мојот дедо и исто така добив многу, многу пораки во кои луѓе отсекаде ми кажуваат дека мојата објава ги поттикнала да ги посетат своите баби и дедовци. Тоа ми значи премногу. Исто така видов многу тажни коментари во кои луѓето пишуваат дека немаат можност да ги видат своите баби и дедовци и срцето ми се кине за нив“ – напиша таа.

КелсиКелси

dinner with papaw tonight...he made 12 burgers for all 6 grandkids and I'm the only one who showed. love him pic.twitter.com/0z0DkPtUiR

— kelsey (@kelssseyharmon) March 17, 2016
Tags
дедо

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.