• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Фотографиите кои разгоруваат дебати за доењето и телото на мајките по породувањето

19 февруари 2015, 15:30
  • cподели

Џејд Бил континуирано разгорува дебати со своите фотографии. Фокусирајќи се на мајчинското тело, таа непоколебливо се обидува да го наметне ставот дека секоја жена е убава, без оглед на возраста, формата или видливите „траги“ на бременоста и дека доењето е природен процес кој не треба да остане зад завеси.

Пред две седмици, фотографката од Аризона објави на Facebook фотографија за која се крена многу прашина, бидејќи беше отстранета од популарната социјална мрежа поради поплаки и пријави. На неа се прикажани седум голи мајки кои ги дојат своите деца.

Џејд Бил

Објавата за само неколку часа беше споделена илјадници пати, но привлече и негативни коментари. „Добив многу лични пораки (сите од мажи) кои ми кажуваа дека треба да ја отстранам фотографијата, иако на фотографијата беа заматени брадавиците и гениталните области. Потоа, некој забележа дека сум пропуштила една брадавица и фотографијата беше повторно пријавена и отстранета“ – раскажала Џејд во интервју за Cosmopolitan.

Откако Џејд ги цензурирала сите интимни делови, фотографијата била повторно објавена. Сепак, Бил вината ја гледа во корисниците на Facebook, а не во компанијата, бидејќи социјалната мрежа го дозволува она однесување кое луѓето го сметаат за прифатливо.

Фотографијата доби огромно медиумско внимание и отвори дебати за доењето, голотијата и за тоа дали треба да бидат отстранувани ваквите фотографии од социјалните мрежи. Џејд смета дека луѓето треба да го прифатат и фалат голото женско тело, без оглед на неговата форма и во никој случај да не го нарекуваат „одвратно“ и „нездраво“.

Џејд Бил Џејд Бил Џејд Бил Џејд Бил

Ова не е првпат Џејд да го привлече вниманието на јавноста. Пред 2 години, таа го популаризираше проектот „А Beautiful Body“ со цел да ги поттикне жените да го сакаат своето тело.

Џејд Бил Џејд Бил Џејд Бил Џејд Бил Џејд Бил

Нејзината уметност е особено инспиративна за мајките кои се соочуваат со „лузни“ од бременоста (стрии, опуштена и збрчкана кожа).

Џејд Бил Џејд Бил Џејд Бил Џејд Бил Џејд Бил Џејд Бил Џејд Бил Џејд Бил Џејд Бил Џејд Бил

На својот сајт, Бил пишува дека преку приказните кои ги објавува цели да им ја зголеми самодовербата на жените кои се чувствуваат несигурно и да ги инспирира идните генерации да се сакаат токму онакви какви што се.

Џејд Бил Џејд Бил Џејд Бил Џејд Бил

Профилот на Бил на Facebook е исполнет со позитивни коментари и многумина ѝ се заблагодаруваат за нејзиниот придонес во зголемувањето на самодовербата на новите мајки.

Џејд Бил
Tags
Џејд Бил

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.