• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

ФОТО: Жена со креативни маски го развеселува семејството откако на сопругот му бил дијагностициран рак

2 ноември 2015, 13:30
  • cподели

Некои луѓе не им дозволуваат на тешките моменти да ги поразат и фрлат во очај. Фотографката Аманда Чапман пронашла начин како да мами насмевки на лицата на најблиските откако на нејзиниот сопруг му бил дијагностициран рак.

41-годишната Американка, која е мајка на две деца, го започнала проектот „31 ден од Халовин“ во 2012 година за да ја подобри атмосферата во својот дом по страшната вест за болеста. „Започнав да ги создавам серијалите за да ги оттргнам моите мисли од ролеркостерот на стравот и да го развеселам моето семејство“ – рекла таа за BuzzFeed. „Еден ден во првата година од проектот, мојот сопруг се врати дома додека се шминкав за маската Битлџус и започна да се смее до солзи. Тоа ми е спомен кој никогаш нема да го заборавам“ – додала таа.

Аманда секој ден од октомври се маскира во еден од своите омилени ликови. Иако не е професионален шминкер, Аманда постојано ги усовршува своите вештини и учи од грешките. „Разговорите во нашиот дом преминаа од разговори за дијагнозата на мојот сопруг во моабети за тоа која маска е следна“ – вели таа и додава дека не планира да престане со маскирање. „Сè додека тоа го обединува нашето семејство и ни носи радост, ќе го создавам серијалот секоја година“ – дополнува Чапман.

Погледнете ги нејзините неверојатни маски за октомври 2015 година.

Маските на Аманда Чапман Маските на Аманда Чапман Маските на Аманда Чапман Маските на Аманда Чапман Маските на Аманда Чапман Маските на Аманда Чапман Маските на Аманда Чапман Маските на Аманда Чапман Маските на Аманда Чапман Маските на Аманда Чапман Маските на Аманда Чапман Маските на Аманда Чапман Маските на Аманда Чапман Маските на Аманда Чапман Маските на Аманда Чапман Маските на Аманда Чапман Маските на Аманда Чапман Маските на Аманда Чапман Маските на Аманда Чапман Маските на Аманда Чапман Маските на Аманда Чапман Маските на Аманда Чапман Маските на Аманда Чапман Маските на Аманда Чапман Маските на Аманда Чапман Маските на Аманда Чапман Маските на Аманда Чапман Маските на Аманда Чапман Маските на Аманда Чапман Маските на Аманда Чапман Маските на Аманда Чапман Маските на Аманда Чапман Маските на Аманда ЧапманАманда и нејзиниот сопруг, кому во 2012 година му бил дијагностициран рак
Tags
креативно

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.