• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

ФОТО: Запознајте ја Софија, идната шведска принцеза

8 јуни 2015, 18:15
  • cподели

Додека Шведска се подготвува за кралска свадба, расте љубопитството за Софија Хелквист, девојката која на 13 јуни ќе му стане сопруга на принцот Карл Филип.

Софија Хелквист и принцот Карл Филип Софија Хелквист и принцот Карл Филип Софија Хелквист и принцот Карл Филип

30-годишната свршеница на згодниот шведски принц е поранешен модел и реалити ѕвезда. Хелквист во многу наврати беше напаѓана заради тоа што во минатото не се срамеше да се разголи малку повеќе за фотосесии и во реалното шоу „Paradise Hotel“.

Во изминативе неколку години неколкупати се појавуваа гласини дека кралското семејство не ја прифаќа Хелквист, но принцот Карл испрати остри критики кон медиумите кои ја осудуваа неговата сакана и ширеа шпекулации за односите со неговите родители.

Софија Хелквист и принцот Карл Филип Софија Хелквист и принцот Карл Филип

Во неодамнешно интервју, идните младенци изјавиле дека се запознале на ручек кај свои пријатели и дека тоа било љубов на прв поглед. „Првото нешто кое го забележав кај Карл Филип е што изгледаше скромен. Кога го запознав подобро, видов дека тој е неверојатно природен, многу интелигентен и многу скромен“ – изјавила Софија.

И принцот има убави зборови за првата средба со својата избраничка. „Пред сè таа е убава и има убави очи. Но, таа исто така е фантастична личност. Приземна е и има прекрасен карактер... Не ја знаев магијата на љубовта пред да ја сретнам Софија. Но, откако ја запознав, видов како љубовта може да го промени човек“ – рекол тој.

Софија Хелквист и принцот Карл Филип Софија Хелквист и принцот Карл Филип Софија Хелквист и принцот Карл Филип Софија Хелквист и принцот Карл Филип Софија Хелквист и принцот Карл Филип Софија Хелквист и принцот Карл Филип Софија Хелквист и принцот Карл Филип

Парот официјално соопшти дека е во врска во август 2010 година, а на 27 јуни минатата година беше објавена нивната свршувачка.

Софија Хелквист и принцот Карл Филип Софија Хелквист и принцот Карл Филип Софија Хелквист и принцот Карл Филип

Софија признала дека интензивно се подготвува за новата улога и дека во иднина ќе се фокусира на хуманитарни активности. „Го познавам кралското семејство со години. Го разбирам нивниот стил на живеење и знам дека нештата ќе се менуваат. Подготвена сум, нема да има изненадувања. Сметам дека сè ќе биде во ред“ – рекла таа.

Софија Хелквист и принцот Карл Филип Софија Хелквист и принцот Карл Филип Софија Хелквист и принцот Карл Филип Софија Хелквист и принцот Карл Филип

Пред претстојната свадба, Софија и Карл Филип побарале од гостите да донираат пари во хуманитарна фондација наместо да им купуваат свадбени подароци.

Tags
Софија Хелквист
принцот Карл Филип

Најнови

  • Златна бубамара 2026

    „Апсолутна власт, апсолутна забава“: Атмосферата и наградите на „Златна бубамара 2026“

    Fri, 02/27/2026 - 21:45
  • Вера Мештеровиќ на Златна бубамара

    Вера Мештеровиќ во гламурозна креација на „Златна бубамара“

    Fri, 02/27/2026 - 14:35
  • Вечен шармер: Владо Јаневски се закити со статуетка на „Златна бубамара“

    Fri, 02/27/2026 - 13:17
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.