Џесика Бил блеска од среќа на фотографиите од свадбата со Џастин Тимберлејк. За свадбената церемонија 30-годишната актерка избра розов фустан од Џамбатиста Вали, а единственото нејзино барање било фустанот да зрачи со „романтика, романтика, романтика“.
„Всушност се изненадив од самата себе кога го избрав мојот фустан. Тоа е стил кој би го носела само тој ден“ – изјавила Бил.
Фустанот на Џесика на ревијата на висока мода на Џамбатиста Вали
Освен блескавиот прстен од Џастин, убавата невеста носела и блескави обетки од Мартин Кац, кои чинеле 105.000 долари.
Обетките на Џесика од 105.000 долари кои ги купила непосредно пред свадбата
Џесика признала дека пред да зачекори кон олтарот имала трема. „Имав пеперутки во стомакот. Требаше да застанам пред пријателите и семејството и да ја разголам душата за човекот кој го сакам. Беше ужасно емотивно“ – рекла таа.
Токму кога Џесика си помислила дека ќе успее да ги стави емоциите под контрола, Џастин започнал да ѝ пее оригинална песна напишана за неа. „Тогаш дојдоа солзите. И не само за мене. Речиси за сите кои беа присутни“ – раскажала Бил.
„Таа беше најубавото нешто што некогаш сум го видел“ – рекол Џастин за својата сакана.
Првиот бакнеж на младоженците
Откако си го кажале судбоносното „Да“, младоженците за првпат танцувале како сопруг и сопруга на песната „A Song for You“.
Првиот танц на Џастин и Џесика
Свадбата се одржала во Пуља, Италија, а присуствувале околу 100 гости. Се верува дека свеченоста ги чинела Џастин и Џесика 6,5 милиони долари.
Свадбената торта и бидермаерот
