• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

ФОТО: Родители предупредуваат за скриената опасност во детските чаши со клунче

26 февруари 2016, 14:15
  • cподели

Загрижени родители преку фотографии предупредуваат за скриената опасност во детски чаши со тврдо клунче кое го спречува излевањето на течноста.

Сајмон О’канада, чиј мал син постојано се разболувал, се шокирал кога случајно открил дека внатрешноста на клунчето на детската чаша на неговиот син била полна со мувла.

Поттикнати од неговата приказна, мајките Мери-Пјер и Пени Повел објавија загрижувачки фотографии со мувла во детска чаша од брендот „Tommee Tipee“.

Најлошото е што родителите не можат да видат што има во овој дел од чашата сè додека не го расклопат, а токму тој завршува во устата на детето.

Мајките предупредуваат дека не е важно дали ги миете чашите рачно или во машина, бидејќи во секој случај мувлата останува внатре.

Tommee Tipee Tommee Tipee Tommee Tipee

Еве го текстот од објавата на Мери-Пјер:

Мојот пријател Сајмон О’канада се прашуваше зошто неговиот син е постојано болен. Го расклопи клунчето што спречува протекување од неговата „Tommee Tipee“ чаша и откри мувла внатре во делот од кој се пие. Мувлата не може да се измие и не е видлива освен ако делот не се расклопи. Сајмон се јави да се пожали во компанијата и жената која одговори му се изнасмеа. Неколку други мајки исто така открија мувла откако мојата објава беше споделена во други групи, па ви ги споделувам фотографиите.

Објавата на Мери-Пјер стана вирален хит и илјадници мајки започнаа да ги проверуваат чашите на своите најмили и да споделуваат „хорор“ фотографии од она што го пронашле внатре.

Tommee Tipee Tommee Tipee Tommee Tipee Tommee Tipee Tommee Tipee Tommee Tipee

Mon ami se demandait pourquoi son fils était toujours malade il a donc briser l'anti-fuite de son verre à bec Tommee...

Posted by Penny Powell on петок, 19 февруари 2016

Откако многу загрижените родители упатија поплаки до компанијата, од „Tomee Tipee“ објаснија дека проблемот настанува кога чашите се користат за течности кои не се препорачани од нив како вештачко млеко, сокови со пулпа или жешки течности и дека чашите треба да се мијат веднаш по употреба.

Според компанијата, родителите не би се соочувале со вакви проблеми доколку ги користат чашите за ладни течности без пулпа.

Од брендот ветиле и дека целосно ќе го променат дизајнот на чашите. Бесплатни чаши ќе им бидат дадени на родителите кои се соочиле со проблем со мувла.

Дополнето:

По објавувањето на нашиот текст, бевме контактирани од претставник на Модиш, ексклузивен дистрибутер на Tommee Tippee за Македонија.

Ви ја пренесуваме во целост нивната реакција:

Почитувани,

На вашиот портал денес беше објавена вест во која е наведено за наводен проблем со чашка од брендот Tommee Tippee.

Нашата компанија Модиш е ексклузивен дистрибутер на брендот за Македонија, и сакаме да ве информираме Вас и вашите читатели дека посочениот производ се увезува со одобрение од Агенцијата за храна и ветеринарсто на РМ со што се потврдува дека производот е безбеден за употреба.

За конкретниот случај е запознаен е производителот и стапил во контакт со родителите за директно да се запознае со проблемот.

На официјалната своја страна има дадено објаснување во кое се објаснува,

Посочената чашка се продава во цел свет и ја користат илијадници корисници,тестирана е и за истата има приложено упатство за користење во кое стои дека може да се користи исклучиво за вода и млеко а никако за течности со пулпа (овошни сокови) топли и газирани пијалоци.

И дека чашката повторно е тестирана во лабораторија со препорачаните течности и резултатот е во ред.

Чашката останува во продажба што е доволен показател дека се во ред ,и се утврдува дека поплаката доаѓа од неправилна употреба на течност која не е соодветна, и во иднина спорната вулва ке се произведува од проѕирен материјал.

Брендот Tommee Tippee е еден од водечките брендови во индустријата за нега и заштита и секогаш стои позади своите производи.

Се надеваме дека нашето писмо ке биде објавено што побрзо, се со цел родителите да бидат информирани дека доколку правилно го користат производот нема зошто да стравуваат.

Ве молиме во иднина да не контактирате за било кое прашање за да читателите имаат можност да ја дознаат и другата страна бидејки не секогаш поплаките се издржани.

Со почит

Tags
родители

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.