• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

ФОТО: Продале сè, тргнале на патување и научиле што значи вистинска среќа и љубов

10 август 2015, 11:25
  • cподели

Млади партнери откриле што значи вистинска љубов и среќа откако се откажале од својата работа, продале сè што поседувале и тргнале на заедничко патување.

Рајан Фонтана и Моли Џозеф сфатиле дека нешто недостига во нивните животи откако се вратиле од патување во Јосемити, па решиле да направат нешто невообичаено. Заљубените партнери, кои работеле како диџеи, дале отказ и продале сè што имале за да си остварат свој сон - патување низ светот.

Рајан Фонтана и Моли Џозеф Рајан Фонтана и Моли Џозеф Рајан Фонтана и Моли Џозеф Рајан Фонтана и Моли Џозеф

„Споделувајќи се себеси целосно со партнерот, започнуваме да ги осветлуваме сите делови од себе кои сме ги прикривале во мрак, правејќи го привлечно она што навидум е непривлечно. Вака изгледа безусловната љубов“ – пишува Рајан на Instagram.

Пред да ги напуштат своите домови, Моли, која пред три години водела битка со ракот, и нејзиниот сакан си поставиле мисија да живеат во сегашноста, да ја избираат љубовта пред стравот, да ѝ кажат „да“ на авантурата и да ги избришат границите на нивната комфорна зона. Токму тоа им овозможило да ја откријат вистинската љубов.

Рајан Фонтана и Моли Џозеф Рајан Фонтана и Моли Џозеф Рајан Фонтана и Моли Џозеф

„Кога ќе помислам дека пред само три години бев пациент со рак... Кога ќе помислам каде бев, во споредба со тоа каде сум сега, знам со сигурност дека сè е возможно, дека соништата навистина се остваруваат. Знам дека достигнувањето на дното го прави животот на врвот многу посладок, дека без неуспесите, успесите би биле безначајни“ – пишува Моли.

Рајан и Моли постојано споделуваат фотографии на Instagram од неверојатните места кои ги посетуваат заедно, но ги споделуват и лекциите кои ги научиле на своите патувања. „Безусловната љубов значи да прифатиш и да почитуваш друга личност онаква каква што е, нејзината љубов, но и нејзините сенки. Да бидеш целосно искрен и ранлив, да ѝ дозволиш на другата личност да го види секој дел од тебе и да бидеш пресретнат со сочувство“ – рекол Рајан за Elite Daily. „Патувањето со партнерот значи дека ништо не останува скриено, тој го гледа секој дел од тебе: доброто, лошото и грдото“ – додал тој.

Рајан Фонтана и Моли Џозеф Рајан Фонтана и Моли Џозеф Рајан Фонтана и Моли Џозеф Рајан Фонтана и Моли Џозеф Рајан Фонтана и Моли Џозеф Рајан Фонтана и Моли Џозеф Рајан Фонтана и Моли Џозеф Рајан Фонтана и Моли Џозеф Рајан Фонтана и Моли Џозеф Рајан Фонтана и Моли Џозеф
Tags
љубов

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.