• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

ФОТО: Париската недела на високата мода 2011

31 јануари 2011, 11:53
  • cподели

Минатата седмица се одржа еден од најгламурозните настани во светот на модата, а Париз како и секогаш беше негов домаќин. Светски познатите имиња како Chanel, Valentino, Giorgio Armani Privé и Christian Dior ги покажаа своите грандиозни колекции на Париската недела на високата мода.

За разлика од модните недели „ready-to-wear“ кои се одржуваат во Њујорк, Лондон, Милано и Париз, на кои се диктираат модните трендови за наредната сезона и се покажуваат слични бои и кројки скоро од сите дизајнери, на Париската недела на високата мода секоја колекција се карактеризира со уникатен стил.

И овој пат, само брилијантни дизајнери од рангот на John Galliano, Giorgio Armani, Elie Saab и Karl Lagerfeld имаа привилегија да ги покажат своите уметнички дела, а секоја ревија изгледаше како лабораторија на соништа.

Креациите беа феноменални, неповторливи и делуваа како да се излезени од фантазиите. Супериорните ткаенини, бои и кројки во спој со деликатната рачна изработка се покажаа како идеална комбинација за остварување на дизајнерските фантазии.

Се разбира, таквите уметнички модни дела си доаѓаат и со висока цена. Носењето на креации од високата мода е симбол на моќ и престиж, резервирано само за оние кои никогаш не посегнуваат по етикетата за да побараат цена.

Погледнете ги креациите кои ја воодушевија внимателно избраната публика, во која се најдоа и многу холивудски ѕвезди како Џесика Алба, Оливија Вајлд, Даен Кругер, Алекса Чанг, Кејт Мос, Џоди Фостер, Софија Лорен, Ева Херцигова и Ванеса Парадис.

Dior Haute Couture Spring/Summer 2011

John Galliano својата инспирација ја црпел од делата на илустраторот René Gruau, којшто имал блиска соработка со основачот на модната куќа, Christian Dior.

„50-тите години беа инспирација, но мислам дека она што го презентирав е многу, многу современо“ – изјавил 50-годишниот дизајнер.

Шоуто на Dior беше романтично, драматично и аристократско. Тоа дефинитивно се креации кои мамат воздишки.

Dior Dior

Armani Privé Haute Couture Spring/Summer 2011

Ковчег полн со скапоцени камења беше инспирација за Giorgio Armani да ја создаде својата блескава колекција.

76-годишниот дизајнер претстави неверојатна футуристичка колекција од материјали кои блескаа на модната писта. Капите кои наликуваа на летечки чинии ја збогатија и така невообичаената колекција, а дури и обувките на моделите беа надополнети со сјајни кристали во различни бои.

Armani Privé Armani Privé

Elie Saab Haute Couture Spring/Summer 2011

Колекцијата на Elie Saab беше елегантна и женствена токму како што и се очекуваше од либанскиот дизајнер.

Романтичните креации како од бајките го задржуваа погледот на секоја жена присутна во публиката. Користејќи деликатни ткаенини, Elie Saab не заборави со своите кројки да ја истакне убавината на женското тело.

Elie Saab Elie Saab

Chanel Haute Couture Spring/Summer 2011

Karl Lagerfeld ја пронајде својата инспирација во сликарката Marie Laurencin, поточно во нејзините дела во периодот од 1908 до 1930 година. „Ги сакам боите од нејзините слики од тој период, со сите тие сиви нијанси и мали црни точки. Се обидов да го претставам токму тоа“ – изјавил 77-годишниот дизајнер.

Манекенките за прв пат можеа да си ги одморат стапалата, затоа што единствено на оваа ревија носеа ниски обувки. Особено забележителни беа ниските чевли без заден дел, а со триаголен преден дел, прицврстени за ногата со проѕирно ремче.

Тесните панталони во комбинација со кратка сукња и сако беа комбинација со која колекцијата се оддели од сите останати. „Вака се облекуваат младите жени денес“ – изјавил Lagerfeld објаснувајќи зошто неговата колекција се темелеше на маички, тесни панталони и ниски обувки.

Chanel Chanel

Jean Paul Gaultier Haute Couture Spring/Summer 2011

Jean Paul Gaultier ја презентира својата колекција на последниот ден од Париската недела на високата мода. Инспирацијата за моќните креации тој ја црпел од англискиот панк-рок и францускиот кан-кан.

Екстравагантниот Gaultier го избра младиот модел Андреј Пејиќ за да ја презентира својата последна креација. Таквиот негов избор предизвика голем интерес од страна на медиумите.

Jean Paul Gaultier Jean Paul Gaultier
Tags
модна недела
висока мода

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.