Њујорк синоќа беше домаќин на доделувањето на наградите на Советот на модни дизајнери на Америка (CFDA).
На манифестацијата, Наоми Кембел се закити со наградата Модна икона, а наградата Модна инфлуенсерка ѝ беше доделена на Ким Кардашијан.
За Најдобар дизајнер на женска облека беше прогласен Раф Симонс од Calvin Klein, додека брендот Supreme беше избран за Најдобар дизајн на машка облека.
Ешли и Мери-Кејт Олсен беа избрани за Најдобри дизајнерки на модни додатоци.
Почесната награда за животно дело „Џофри Бин“ оваа година со себе ја понесе дизајнерот Нарцисо Родригез.
Погледнете како изгледаа славните гостинки и оценете го нивниот стил:























































