Панкот беше главна инспирација на големата модна парада на црвениот тепих пред музејот на уметноста „Метрополитен“ која синоќа го раздрма Њујорк. Холивудските ѕвезди не ја пропуштија можноста да покажат малку посмел и бестрашен изглед надополнет со нитни, боцки, капси, безопасни, силна шминка и кожени јакни со метални детали.
Бунтовничкиот дух диктиран од отворањето на изложбата „PUNK: Chaos to Couture“, која го истражува влијанието на панкот на високата мода, беше забележан во секоја од скапите дизајнерски креации.
Додека минатата година на МЕТ галата доминираа креации на Прада, оваа година брендот Живанши беше одговорен за највпечатливите креации на вечерта организирана од Институтот за костими и главната уредничка на „Вог“, Ана Винтур.
Оценете го модниот избор на ѕвездите:
Бијонсе во Givenchy
Блејк Лајвли во Gucci Première
Џенифер Лопез во Michael Kors
Сара Џесика Паркер во Giles
Ким Кардашијан во Givenchy
Џенифер Лоренс во Dior
Џесика Алба во Tory Burch
Ема Вотсон во Prabal Gurung






































































