Бројни славни личности синоќа присуствуваа на доделувањето на наградите на Советот на модни дизајнери на Америка (CFDA) кое се одржа во Њујорк.
На големиот моден настан, престижната награда Модна икона на годината заврши во рацете на Бијонсе. За Најдобар дизајнер на женска облека беше прогласен Марк Џејкобс, додека Том Браун го избраа за Најдобар дизајнер на машка облека.
Наградата за Најдобри дизајнери на модни додатоци им беше доделена на Рејчел Мансур и Флориана Гавриел од брендот Mansur Gavriel, а Меѓународната награда му припадна на Алесандро Микеле од модната куќа Гучи.
Почесната награда за животно дело „Џофри Бин“ оваа година со себе ја понесе Норма Камали.
Погледнете како изгледаа славните дами и оценете го нивниот стил:

















































