Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Бијонсе беше прогласена за модна икона, гордите Џеј Зи и Блу Ајви ја поддржаа на CFDA

ФОТО: Бијонсе беше прогласена за модна икона, гордите Џеј Зи и Блу Ајви ја поддржаа на CFDA

Бијонсе буквално блесна на овогодишното доделување на наградите CFDA.

Облечена во костум со светкави линии од Живанши, 34-годишната пејачка пристигна со својот сопруг Џеј Зи и ќерка си Блу Ајви. На манифестацијата, Бијонсе ја прими наградата „Модна икона “, која Советот на модни дизајнери на Америка (CFDA) одлучи да ѝ ја додели оваа година. Статуетката ѝ беше врачена од Дајен фон Фирстенберг.

Бијонсе Бијонсе Бијонсе

Пред настанот, Бијонсе, Џеј Зи и Блу Ајви го прескокнаа црвениот тепих и тивко влегоа во салата за танц „Hammerstein“ во Њујорк.

Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе

При влегувањето, Блу Ајви ги „искара“ фоторепортерите што ја фотографираат.

Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе

Во својот говор, Бијонсе ѝ се заблагодари на својата мајка Тина, која исто така беше присутна на настанот.

Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе

Еве го нејзиниот говор во целост.

Се чувствувам многу сакана и горда во моментов. Ви благодарам за оваа неверојатна чест. Откако паметам за себе, модата била дел од мојот живот. Таа всушност влијаела на мене уште пред да се родам. Повеќето од вас не знаат, но мојата баба беше шивачка. Моите баба и дедо немаа доволно пари за да ја школуваат мајка ми. Баба ми шиеше облека за свештениците и сестрите и правеше униформи за ученици во замена за образованието на мајка ми. Потоа, оваа дарба ѝ ја предаде на мајка ми и ја научи да шие.

Кога ја основавме групата Destiny’s Child, врвните брендови не беа заинтересирани да облекуваат четири црни девојки со облини. Не можевме да си дозволиме дизајнерски и фустани од високата мода. Како баба ми, и мајка ми го искористи својот талент и креативност за да им ги оствари соништата на своите деца. Мајка ми и мојот чичко Џони ги дизајнираа сите наши први костуми и го правеа рачно секое парче, шиејќи стотици кристали и бисери, внесувајќи огромна страст и љубов со секој детаљ. Кога ги носев овие алишта на сцената, се чувствував како Калиси. Имав дополнителен оклоп. Тоа беше многу подлабоко од кое било брендирано име.

Мајка ми го дизајнираше мојот невестинскиот фустан, мојот матурски фустан, фустанот кој го носев на првите CFDA, мојот прв Греми фустан и листата продолжува и тоа за мене е вистинската моќ и потенцијал на модата. Таа е алатка за да го пронајдеш сопствениот идентитет, изразување и сила. Таа го надминува стилот и е временска капсула за сите наши најважни постигнувања.

Им се заблагодарувам на мајка ми, чичко ми, баба ми, благодарам на сите. Ви благодарам што ми покажавте дека изгледот е многу повеќе од облеката која ја носиш и твојата физичка убавина. Ви благодарам што ме научивте да не прифаќам „не“ како одговор. Ви благодарам што ме научивте како да ризикувам, да работам напорно и да го живеам животот по мои правила.

Сакам да му се заблагодарам на секој дизајнер кој работи неуморно за да направи луѓето да чувствуваат дека можат да напишат своја приказна. Вие сите се добри вили, магионичари, скулптори, па понекогаш дури и терапевти. Ве охрабрувам да не ја заборавате моќта која ја имате и да не ја потценувате. Имаме можност да придонесеме за општеството каде секоја девојка ќе може да погледне во билбордот или во насловната страница и да го види сопствениот одраз.

Душата нема боја, нема форма, нема фигура. Исто како што вашата работа се протега многу подалеку од она што може да го види окото. Имате моќ да ги промените перцепциите, да инспирирате и да поттикнувате, да им покажете на луѓето како да ги прифатат своите маани и несовршености и да ја видат вистинската убавина која се крие внатре во секој од нас. Ви благодарам за оваа неверојатна награда, никогаш нема да ја заборавам оваа вечер.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.