• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

ФОТО: Колекцијата висока мода на Версаче – пролет/лето 2013

21 јануари 2013, 22:06
  • cподели

Донатела Версаче го означи стартот на Париската недела на високата мода. На гламурозната ревија 57-годишната дизајнерка претстави луксузна колекција за клиентите со најдлабок џеб.

За моделите пролет/лето 2013 Версаче црпела инспирација од архитектурата, или поточно од стаклото, железото и челикот во Le Centorial, зграда во срцето на Париз во која се одржа ревијата. „Целосно бев занесена од начинот на кој кршливоста на стаклото е во контраст со цврстината на масивната структура“ – изјавила таа.

Во визуелниот спектакл доминираа црната, златната и белата боја, како и неонското розово и жолто. Исклучително впечатливи беа златните детали кои се во јадрото на брендот Версаче.

Колекциите висока мода се олицетворение на ултимативниот луксуз. Така, златните ленти на креациите на Версаче се од вистинско 24-каратно злато, додека за изработка на белото крзнено палто биле неопходни 500 работни часа, што донекаде и ги оправдува безумно високите цени за претставените креации.

Ревијата ја отвори Кристен МекМенами. 46-годишната манекенка со седа коса носеше црн костум со цигара панталони и сако со златни детали.

Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче Колекција Версаче Донатела ВерсачеДонатела Версаче

Во првиот ред на ревијата седеа принцезата Шарлин и славниот Кевин Костнер.

Принцезата Шарлин и Кевин КостнерПринцезата Шарлин и Кевин Костнер

Четири дена Париз ќе биде домаќин на екстравагантни ревии со прескапи креации. Невестинските фустани достигнуваат цени и до 100.000 евра. Високата мода не е искуство кое може да го има секоја дизајнерска куќа. Само оние кои исполнуваат превисоки стандарди успеваат да ги пуштат манекенките во свои креации да продефилираат за време на Париската недела на високата мода.

Tags
Версаче
Париската недела на високата мода
Париската недела на високата мода пролет лето 2013

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.