• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

ФОТО: И Бред Пит следбеник на белиот тренд во Кан

16 мај 2011, 13:00
  • cподели

Во сончевиот Кан, Бред Пит денес го промовираше својот најнов филм, „The Tree of Life“. Како и повеќето ѕвезди кои застанаа пред објективите на фоторепортерите, и Бред Пит се појави во светла комбинација.

Бред Пит
Бред Пит Бред Пит

Облечен во крем кежуал костум, бела маица и патики, 47-годишниот актер беше во придружба на неговата најнова „сопруга“ од филмскиот екран, Џесика Частеин.

Бред Пит Бред Пит

Џесика, Бред и Шон Пен се ѕвездите во драмата „The Tree of Life“, со која култниот режисер Теренс Малик се враќа во филмската индустрија. Ова е петто остварување на Теренс во неговата 40-годишна кариера и прво на Канскиот филмски фестивал по филмот „The Thin Red Line“, прикажан во 1998 година.

Теренс Малик не се појави на денешното прикажување и прес-конференцијата, поради што доби негативни критики. Но, Бред го оправда неговото отсуство преку споредба на создавањето филм со градење на куќа и објасни дека од градителот не се очекува да биде продавач.

Иако филмот добива мешани критики, многумина веќе го поврзуваат со наградите Оскар.

Во филмот, Бред влегува во улогата на грижлив татко кој ги сака своите синови, но понекогаш знае да биде брутално строг. Шон Пен го глуми најголемиот син на Бред и Џесика, којшто се присетува на луѓето и моментите кои го оформиле како личност.

The Tree of Life – трејлер

Tags
Бред Пит
Кански филмски фестивал

Најнови

  • „Горе конечно си дете. Таму мама ќе те бакнува, без солзи, без страв, без темнина…“: Трогателна песна за малата Катја и Ивана

    Wed, 03/04/2026 - 14:17
  • Vape

    Различни пристапи во борбата против пушењето: додека други охрабруваат алтернативи, кај нас се воведуваат забрани

    Wed, 03/04/2026 - 13:52
  • Ангела Дончева

    „Тешките времиња не се казна, туку се дел од патот“: Инспиративната Ангела Дончева отворено за борбата со леукемијата

    Wed, 03/04/2026 - 13:20
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.