• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

ФОТО: Холивудскиот шармер Џорџ Клуни за „Esquire“

11 ноември 2013, 19:18
  • cподели

Џорџ Клуни е ѕвездата од декемвриското издание на „Esquire“. Во интервјуто за машкото списание 52-годишниот актер зборувал за долгогодишниот пријател Бред Пит и моќта на недостапноста, како и за тоа дека никогаш нема да биде дел од Twitter.

Џорџ Клуни Џорџ Клуни

„Долго време Бред е најголема ѕвезда во светот. Тој е поголема ѕвезда од мене, поголема од Дикаприо. И навистина му се восхитувам за начинот на кој се справува со тоа. Не е лесно за него. Но тој се труди да биде најискрената верзија на Бред Пит којашто може да биде. Исто така, останува недостапен. Тој сè уште е огромна филмска ѕвезда затоа што не можеш да стигнеш до него. Тоа не значи дека не го гледам како неверојатно талентиран и умен и сите тие нешта“ – изјавил Клуни.

Џорџ Клуни Џорџ Клуни

Клуни не е од ѕвездите кои се фанови на социјалните мрежи. Познатата филмска ѕвезда вели дека не може да разбере зошто некој славен би сакал да има Twitter профил. „Не разбирам зошто која било славна личност би сакала да биде на Twitter. Пред сè, најлошото нешто што можеш да го направиш е да си подостапен, така? Затоа што ќе бидеш достапен за секого. Па, некоја пијана ноќ, ќе се вратиш дома по неколку пијачки повеќе, ќе гледаш телевизија и некој ќе те изнервира и ќе возвратиш. Ќе заспиеш и кога ќе се разбудиш следното утро, твојата кариера ќе биде завршена. Или пак, ќе бидеш идиот. Или сите нешта кои би можел да си ги помислиш во една тивка, пијана вечер, одненадеж може да се рашират низ целиот свет пред да се разбудиш“ – вели тој.

Џорџ Клуни Џорџ Клуни
Tags
Џорџ Клуни

Најнови

  • Маја Ацевска, претседателка на Кризниот центар „Надеж“

    „Кога жртвата еднаш ќе се разочара, се повлекува и останува сама“: Маја Ацевска од Кризниот центар „Надеж“ за семејното насилство

    Fri, 03/06/2026 - 23:10
  • „Не се срамам што сум дете од село. Нема да заборавам од каде доаѓам“: Тиктокерот Динев сними видео на нива во родното село

    Fri, 03/06/2026 - 10:11
  • Бритни Спирс беше уапсена, возела под дејство на алкохол и дрога и еден час бегала од полицијата

    Fri, 03/06/2026 - 09:01
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.