• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

ФОТО: Џесика Бил го покажа свршеничкиот прстен од Џастин Тимберлејк

9 март 2012, 17:50
  • cподели

Џесика Бил и Џастин Тимберлејк сè уште ја немаат ниту потврдено, ниту демантирано веста за нивната свршувачка, а странските медиуми известуваат за големиот свршенички прстен на раката на 30-годишната актерка.

Веста за нивната свршувачка се појави на почетокот на годината, но која и да е вистината, Џесика и Џастин решија да ја зачуваат за себе. На неколку свечени настани во изминативе два месеца фотоапаратите на репортерите беа насочени кон рацете на Џесика за да го „уловат“ свршеничкиот прстен.

Џесика и ЏастинЏесика и Џастин

Денес се појавија првите фотографии од прстенот на Џесика, со кој се верува дека Џастин ја побара за жена за време на новогодишните празници. Прстенот е во винтиџ стил и е направен од голем квадратен дијамант со заоблени агли, опкружен со повеќе помали камења.

Прстенот на ЏесикаПрстенот на Џесика Гери Маршал, режисерот на филмот „New Year's Eve“ во кој глуми Џесика, неодамна сподели со медиумите дека редовно зборува со познатата актерка за нејзината свршувачка. „Зборуваме за тоа многу. Се надевам дека сè ќе биде во ред, тие се одлични деца. Двајцата ги сакам многу. Среќен сум за неа“ – изјавил тој.

Според гласините, Џастин и Џесика ќе стапат во брак налето. Но, допрва се очекува нивно соопштение на оваа тема.

Tags
Џесика Бил
Џастин Тимберлејк

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.