• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

ФОТО: Џенифер Лопез со своите слатки близначиња на корицата на „People“

22 јануари 2015, 22:07
  • cподели

Џенифер Лопез е буквално насекаде. Промовирајќи го својот нов филм „The Boy Next Door“, привлечната актерка гостуваше во десетици телевизиски емисии и шоуа, а сними и многу едиторијали за различни списанија.

На корицата на новото издание на „People“, Џенифер ги прегрнува своите близначиња – 6-годишните Макс и Еми.

Џенифер Лопез со Макс и Еми Џенифер Лопез со Макс и Еми

На останатите фотографии енергичната ѕвезда се релаксира во дворот на својот дом во Лос Анџелес.

Џенифер

Во интервју за списанието, Лопез споделила дека не брза да влезе во нова врска по разделбата со Каспер Смарт. На прашањето кои карактеристики треба да ги поседува нејзиниот иден партнер, таа одговорила: „Искреноста е навистина важна. Сакам некој што ми е истомисленик, кој ќе ме почитува, кој ќе внимава на туѓите чувства и ќе се сака себеси доволно за да има здрава врска. Сакам некој што ќе ми дозволи 100% да бидам себеси и ќе ме сака таква каква што сум“.

Сепак, најважен квалитет кој Џенифер го посакува кај идниот партнер е тој да е добар со нејзините деца. „Голема работа е да донесам некој друг во животот на моите деца. Си помислувам: Дали ти си доволно добар за моите деца? Дали ќе ги сакаш доволно? Дали си доволно љубезен?“ – објаснила таа.

Џенифер Лопез со Макс и Еми

Иако има три разводи зад себе, атрактивната актерка и пејачка вели дека сè уште верува во бракот. „Верувам во брак. Но, моја главна врска ќе остане мојата врска со себе. А штом јас сум среќна сама, тоа ќе дозволи да се случи нешто неверојатно. Морам да се потсетувам себеси дека не морам да се задоволувам со малце“ – изјавила таа.

Tags
Џенифер Лопез

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.