• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

ФОТО: 5 јога вежби од Бритни Спирс

14 мај 2013, 17:15
  • cподели

Бритни Спирс направи секси фотосесија за списанието Shape и сподели пет јога вежби со кои го обликува своето тело.

Бритни Спирс

Вежба 1

Седнете на подот, така што колената да ви бидат свиткани, а рацете испружени напред на висина на градите. Дланките насочете ги една кон друга. Навалувајте се наназад додека не почувствувате активирање на стомачните мускули, а потоа подигнете ги нозете при што потколениците да ви бидат паралелни на подот (како на сликата).

Задржете се во таа положба 3 длабоки вдишувања и издишувања, па спуштете ги нозете. Одморете 30 секунди и повторете ја вежбата уште двапати.

Вежба 2

Застанете исправени. Дланките нека ви бидат насочени кон бутовите. Направете голем чекор напред со левата нога, така што надколеницата да ви биде речиси паралелна на подот, а потоа подигнете ги рацете високо над главата и притиснете ги дланките една со друга (како на сликата).

Задржете се во таа положба 5-10 вдишувања и издишувања. Повлечете ја десната нога до левата. Повторете исчекор со другата нога.

Вежба 3

Застанете исправени. Нозете нека ви бидат една до друга, а рацете испружени на двете страни. Направете голем чекор со левата нога и свртете го десното стапало нанадвор. Свиткајте го левото колено. Во најдобар случај надколеницата треба да е паралелна на подот. Подигнете ги рацете на ниво на рамената и насочете го погледот кон врвовите на прстите на рацете на левата рака (како на сликата).

Задржете со во таа положба 5 вдишувања и издишувања, а потоа повторете ја вежбата на другата страна.

Бритни Спирс

Вежба 4

Легнете со лицето свртени кон подот. Вдишувајте додека ги свиткувате колената, а со рацете посегнувате за да ги дофатите глуждовите на нозете. Издишете и притиснете со глуждовите кон дланките, подигајќи ги бутовите од подот (како на сликата).

Задржете се во таа положба 5 вдишувања и издишувања, а потоа вратете се во почетната положба.

Вежба 5

Клекнете на подот. Нозете нека ви бидат на иста ширина со колковите. Свиткајте го грбот наназад и посегнете прво со десната рака кон десниот глужд на ногата, а потоа со левата рака кон левиот глужд. Подигнете ги градите и притиснете со колковите нанапред додека ја држите главата свитканата наназад (како на сликата).

Задржете се во таа положба 5-10 вдишувања и издишувања. За да се исправите, направете ги сите потези во обратен редослед.

Предложените вежби ќе ви помогнат да ги обликувате рамената, јадрото и долниот дел на телото, додека истовремено ја подобрувате флексибилноста. Правете ги вежбите по дадениот редослед за да завршите една серија. Можете да направите до три серии.

Бритни Спирс
Tags
Бритни Спирс
фитнес на славните
вежби

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.