• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Филип Морис Интернејшнл по десетти пат прогласен за најдобар работодавач во светски рамки

16 јануари 2026, 16:27
  • cподели
Филип Морис

Компанијата Филип Морис Интернејшнл (ФМИ) по десетти пат го доби престижното глобално признание „Најдобар работодавач“ (Top Employer), со што компанијата уште еднаш потврди дека е посветена на поставување највисоки стандарди во односот кон своите вработени. Сертификатот го доделува Институтот за врвни работодавачи врз основа на независна проценка, кој ги препознава глобалните лидери во позитивните практики за човечките ресурси.    

Филип Морис Интернејшнл (ФМИ) во Македонија во 2014 година започна јавно-приватно партнерство со Тутунски комбинат Прилеп (ТКП), формирајќи заедничка компанија Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП) која денес е пример за стратешката визија водена од иновации која создава долгорочна вредност. Глобалното признание „Најдобар работодавач“ на ФМИ е уште една потврда за децениската посветеност на компанијата кон напредни практики за човечки ресурси, развој на таленти, инклузивност и современи работни услови.

Извршниот директор на Институтот за врвни работодавачи, Адриан Селигман, истакна дека доделувањето на сертификатот за најдобар работодавач за 2026 година ја одразува посветеноста на ФМИ за градење извонредно работно место кое овозможува одржливи деловни перформанси.

- Силната усогласеност на компанијата помеѓу стратегијата за луѓе и организациските цели, во комбинација со посветеноста на континуирано подобрување, го демонстрира влијанието на нејзините практики за трансформација. Горди сме да му оддадеме признание на ФМИ за нивниот значаен придонес кон подобар свет на работното место – изјави Селигман.

Фред Патитучи, главен директор за луѓе и култура во групацијата ФМИ, вели дека за компанијата е голема шест што десетта година по ред е препознаена како најдобар работодавач, достигнување што го нагласува квалитетот и конзистентноста на практиките за вработените на глобално ниво.

- Се стремиме да создадеме средина во која секој се чувствува охрабрен да се развива, придонесува и да напредува. Оваа пресвртница ја одразува посветеноста и страста на нашите тимови ширум светот. Гледајќи кон иднината, ќе продолжиме да поставуваме стандарди за современо вработување – инвестирајќи во раст, инклузивност и благосостојба, со цел да привлечеме и развиваме исклучителни таленти – изјави Патитучи.

Институтот за врвни работодавачи ги доделува овие признанија проценувајќи ги практиките за човечки ресурси на компаниите во шест области: стратешко управување, обликување на трансформацијата, привлекувањето на вработени, развој на работната сила, ангажман на вработените и обединување на вработените преку културата. ФМИ е една од вкупно 17 компании кои добија глобален сертификат за најдобар работодавач. Филијалите на ФМИ исто така беа признати како водечки работодавачи во 32 земји низ Европа, Блискиот Исток, Африка и Азија/Пацифик.

 

Tags
Филип Морис

Најнови

  • Д-р Драгана Емел Маркоска

    „Најчестиот симптом годинава е висока фебрилност која трае дури и неколку денови“: Д-р Драгана Емел Маркоска за актуелниот бран на грип

    Fri, 01/16/2026 - 17:10
  • Филип Морис

    Филип Морис Интернејшнл по десетти пат прогласен за најдобар работодавач во светски рамки

    Fri, 01/16/2026 - 16:27
  • Denkmit

    Кажете им збогум на прашината и дамките со производите од dm продавниците, по секогаш поволни цени

    Fri, 01/16/2026 - 16:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.