Филип Кузмановски се радува на проширувањето на своето семејство.
Капитенот на македонската ракометна репрезентација и неговата сопруга Моника споделија фотографија со двете деца пред црквата Св. Димитрија во Битола, откако зедоа голема молитва за ќеркичката Каја.
На фотографијата, успешниот спортист го носи бебенцето во транспортер, додека Моника го држи за рака синчето Матијас.
Во интервју за Фемина, Моника зборуваше за бракот со спортист, за нивната свадба и за мајчинството.
„Да се биде сопруга на спортист значи да живееш меѓу отсутност, огромна одговорност и голема поддршка и разбирање. Тешко е кога физички не е присутен, но уште потешко е кога знаеш колкав притисок носи со себе, и како тој притисок го следи и дома. Во исто време, тоа е и привилегија – затоа што одблизу гледаш што значи дисциплина, пожртвуваност и тивка борба со сопствените граници.
Родителството нè промени тивко, одвнатре. Нè направи почувствителни еден кон друг и поуспорени во секојдневието. Филип е повеќе насочен кон организација и ритам, додека јас сум таа што малку успорува, внесува мир и трпение во домот. Се трудиме да бидеме нормални, балансирани родители, без строги правила, но со јасни вредности. Најважно ни е детето да расте со љубов, сигурност и чувство дека секогаш има на кого да се потпре“ - сподели таа.