Филип Кузмановски и бремената сопруга Моника со слатка фотосесија со синчето пред раѓањето на второто дете
Филип и Моника Кузмановски снимија семејна фотосесија со синчето пред доаѓањето на свет на нивното второ дете.
Македонскиот ракометар позираше со бремената сопруга и малиот Матијан, а преку слатките фотографии открија дека очекуваат ќеркичка.
„Рецепт за сестричка“ – пишува на таблата.
Филип и Моника стапија во брак во октомври 2019 година, а поради пандемијата, нивната свадбена прослава беше одложена за јули 2022.
Синчето Матијан тие го добија на 25 октомври 2024 година.
Во интервју за Фемина, Моника зборуваше за бракот со спортист, за нивната свадба и за мајчинството.
Да се биде сопруга на спортист значи да живееш меѓу отсутност, огромна одговорност и голема поддршка и разбирање. Тешко е кога физички не е присутен, но уште потешко е кога знаеш колкав притисок носи со себе, и како тој притисок го следи и дома. Во исто време, тоа е и привилегија – затоа што одблизу гледаш што значи дисциплина, пожртвуваност и тивка борба со сопствените граници.
Родителството нè промени тивко, одвнатре. Нè направи почувствителни еден кон друг и поуспорени во секојдневието. Филип е повеќе насочен кон организација и ритам, додека јас сум таа што малку успорува, внесува мир и трпение во домот. Се трудиме да бидеме нормални, балансирани родители, без строги правила, но со јасни вредности. Најважно ни е детето да расте со љубов, сигурност и чувство дека секогаш има на кого да се потпре.