• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Истражувања

Facebook ги поттикнува тагата и љубомората

18 јануари 2012, 12:43
  • cподели

Во денешно време најлесен начин да дознаете нешто повеќе за одредена личност е да го проверите нејзиниот Facebook профил. Но, таквото ѕиркање во туѓите животи може да ве растажи и да предизвика огорченост, па дури и љубомора.

Разгледувајќи ги профилите на вашите пријатели ќе видите само среќни лица на внимателно избрани фотографии, па може да си помислите дека сите се посреќни од вас и дека животот не е фер.

Facebook фотографииСреќните фотографии на профилите на FB создаваат нереална претстава дека сите се среќни и дека имаат добар живот

Истражување на Универзитетот Јута Валеј открило дека внимателно избраните фотографии со радосни и насмеани лица кои Facebook корисниците ги „лепат“ на своите профили испраќаат силна порака до нивните набљудувачи.

За да ја потврдат својата теорија, социолозите Хуи-Џу Грејс Чоу и Николас Еџ интервјуирале 425 средношколци за нивната среќа и среќата на нивните пријатели. Учесниците требало да одговорат колку се согласуваат со изјавите „Животот не е фер“ и „Многу од моите пријатели имаат подобар живот од мене“. Потоа, тие требало да одговорат колку долго и колку често го користат Facebook.

Дури 95% од учесниците користеле FB и тоа во просек по две и пол години.

Резултатите покажале дека колку повеќе време учесниците поминувале на FB, толку повеќе се согласувале со изјавата „Многу од моите пријатели имаат подобар живот од мене“. Ова особено било изразено кај учесниците кои имале пријатели што не ги познаваат добро во вистинскиот живот.

Оние кои подолго време биле присутни на оваа друштвена мрежа повеќе се согласувале и дека животот не е фер.

Социолозите велат дека ова се случува поради психолошкиот процес наречен „correspondence bias“, во кој извлекуваме погрешни заклучоци за луѓето врз база на недоволно знаење.

„Гледањето во среќните фотографии на Facebook, им остава впечаток на луѓето дека другите се секогаш среќни и дека имаат добар живот“ – пишува DailyMail, цитирајќи го Грејс Џоу.

Експертите велат дека ваквата појава е повеќе изразена кај лицата кои имаат повеќе FB пријатели со кои не се познаваат добро во реалниот живот. Кога познавате одредена личност во реалноста, знаете дека има и успеси и падови во својот живот. Но, кога си оформувате мислење само врз основа на фотографиите и информациите од FB, може да ги гледате само успесите.

Tags
Facebook

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.