• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Еуфоријата се враќа на Широк Сокак: Каде ќе биде најдобрата журка викендов во Битола?

24 мај 2023, 16:15
  • cподели

Деновиве владее нова енергија и динамика на традиционално раздвижениот Широк Сокак. Топлото време внесе живост во Битолчани и ги примами сè побројните посетители со љубопитство да парадираат низ главната шетачка зона во Градот на конзулите.

А со зголемените гужви, доаѓаат и најзапаметливите журки низ кафулињата, па еуфорично влетуваме во сезона во која на поканите за лудување прво возвраќаме со гласно ДА и потоа прашуваме каде е забавата.

Меѓу закажаните вечерни настани за претстојниот викенд се истакнува гостувањето на DJ Андреј Мицајков во кафе бар „Деус“. Имено, во срцето на Широк Сокак, в сабота од 21 часот, почитувачите на добрата забава ќе уживаат во фантастична атмосфера со одлична музика.

Забава во Деус

Интересно е и што присутните ќе имаат можност одблиску да се запознаат со lil SOLID Ez, „сè во едно“ уред кој го загрева тутунот, а сите корисници на забавата во Битола ќе добијат изненадување од тимот на IQOS.

Накратко за lil SOLID Ez: Привлечниот наследник на lil SOLID 2.0 им нуди на заинтересираните да преминат кон нова алтернатива со која прават подобар избор за себе – секојдневие без чад, пепел и мирис на цигари.

Всушност, станува збор за производ кој е унапреден ем во функционалноста, ем во изгледот. Супер едноставен е за употреба и чистење и овозможува 3 последователни користења и до 25 употреби со едно полнење.

lil SOLID Ez

Подобрениот дизајн е заслужен што многу лесно „легнува“ во раката, а позитивна карактеристика е и тоа што е полесен од претходните lil уреди. Атрактивноста во изгледот се зголемува и со широката понуда на бои, односно lil SOLID Ez доаѓа во пет модерни нијанси – бела, сина, ментол, розово-златна и црна.

Мошне важно е да се напомене дека уредот се базира на уникатна технологија на загревање со игла, со што го загрева тутунот одвнатре, наместо да го согорува и создава во просек 95% пониски нивоа на штетни состојки во споредба со цигарите.

lil SOLID Ez

Доколку сте дел од IQOS заедницата или допрва сакате да ѝ се приклучите, веројатно нема да го прескокнете саботното дружење во „Деус“.

Уредите IQOS и lil не се без ризик, затоа што ослободуваат никотин кој предизвикува зависност. Наменети се само за полнолетни лица.

Преземено од iqos.mk.

Б.И.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.