• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Емилија Мицевска во последниот триместар од бременоста со порака: Телото на трудницата не е јавен простор за коментари

21 мај 2026, 12:50
  • cподели

Емилија Мицевска ужива во секој момент од бременоста и со нетрпение го очекува денот кога за првпат ќе го земе своето бебенце во прегратка.

Во период кога нов живот расте во нејзината утроба, македонската актерка испрати искрена и моќна порака за тоа како општеството треба да се однесува кон трудниците.

Преку емотивна објава, таа потсети дека бременоста не е време за осуди, непотребни совети и коментари за изгледот, туку период во кој на жената најмногу ѝ се потребни мир, разбирање и нежност.

Емилија сними и нежно видео со пораснатото стомаче во последниот триместар од бременоста.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by °𝐸𝓂𝒾𝓁𝒾𝒿𝒶 𝑀𝒾𝒸𝑒𝓋𝓈𝓀𝒶 ° (@emilly_franceska)

Со трудница не се зборува гласно, навредливо, нападно и со бескрајни совети, како светот да знае подобро од нејзиното тело. Со трудница се зборува понежно.

Светот треба да внимава на зборовите што ѝ ги упатува на една жена во период кога таа е истовремено најсилна и најчувствителна. Да внимава да не создава дополнителен страв, вина и хаос таму каде што ѝ треба мир.

И да престанеме да мислиме дека телото на трудницата е јавен простор за коментари — дали е премногу голема, мала, здебелена, отечена или уморна. Тоа тело тивко создава живот и заслужува почит, не анализи.

Во време кога сè е маркетинг, притисок и има список од работи што ‘мора’ да ги има, забораваме дека на една трудница најмногу ѝ треба чувство на сигурност. Да не биде поправана и преоптоварувана, туку чувана.

Бременоста не е само растење на еден живот. Тоа е и тивко раѓање на една мајка.

А тој процес заслужува нежност.

Во претходно интервју за Фемина, талентираната актерка сподели дека патот до мајчинството не бил едноставен и откри дека има доживеано неколку спонтани абортуси.

„Поминав низ период кога медицинските прогнози беа скептични во однос на мојата можност да станам мајка. Зад мене стојат неколку спонтани абортуси и хируршка интервенција. Буквално ми беше кажано дека нема шанси и дека тешко ќе може да останам бремена“ – ни откри Емилија.

Среќната трудница и нејзиниот вереник Деан очекуваат синче кое ќе се вика Давид.


 

Tags
Емилија Мицевска

Најнови

  • Ванеса Трамп, која има 5 деца со синот на Доналд Трамп, сподели дека се бори со рак на дојка

    Thu, 05/21/2026 - 12:57
  • Емилија Мицевска во последниот триместар од бременоста со порака: Телото на трудницата не е јавен простор за коментари

    Thu, 05/21/2026 - 12:50
  • Урда

    56 г протеини во едно пакување: новата Olympus урда е здрав избор за секој ден

    Thu, 05/21/2026 - 11:55
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.